Од Негорци до „Лазар Личеноски“: Професорка која го претвори сонот од младоста во реалност за своите ученици

Заврши уште една учебна година преполна со инспирација, креација, желба за подобра иднина и почит и љубов кон уметноста. Доста работна година, но која даде вистина прекрасен плод.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-01.jpg

Две училишта, многу деца, многу креативност. Поразговаравме со Анамарија Митриќеска Кал'чева, една од најкреативните уметници во земјава, кое своето знаење со љубов го пренесува на младите генерации:

modeli-na-uchenici-od-uchebnata-2025-26-na-anamarija-mitrikjeska-kal-cheva.JPG

„Учебната година 2025/2026 ја започнав во ООУ „Ристо Шуклев“, Негорци, Гевгелија, каде веднаш почнавме со реализација на нашата втора модна колекција, која е составена од 14 модели, изработени во текот на целата година од учениците од VI до IX одделение, а беше претставена на патрониот празник на училиштето.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-0.JPG

Инспирирана е од модерната и современата уметност- од уметници кои оставиле најголем траг и се меѓу најзначајните претставници на уметничките правци од крајот на XIX и XX век. Според мене, нема поубав начин од учење и креирање истовремено, па се решив да направам комбинација каде децата ќе ја запознаат уметноста, а воедно и ќе создаваат.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-05_copy.JPG

Можеме да видиме текстилни дезени за модели од познати уметници кои беа најинспиративни и најинтересни за нив, како Винсент Ван Гог, Густав Климт, Хундертвасер, Кандински, а воедно и инспирации од правците: Импресионизам, Суреализам, Поп Арт и Кубизам.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-2.JPG

Имавме и два модели инспирирани од нашето поднебје, најпознатото за Гевгелија- калинките, и едно здолниште со ендемичното растение Астрагалус, кое расте во Богданци, а кое го направивме специјално за годишниот фестивал „Ден на Астрагалусот“, а имаме и еден новогодишен модел.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-3_copy.JPG

Моделите се работени со текстилни бои на кепар ткаенина, а композициите се целосно создадени од децата, со што детската фантазија и чистина, преплетени со фантазијата и бунтовноста на познатите уметници, го даваат ефектот на нешто ново и свежо, а сепак со голема длабочина од минатото и естетска вредност.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-1.JPG

Да твориме и креираме е највисоката форма на слобода, нешто што остава неизбришлив траг на нашата душа и човештвото. Да создаваме убавина не значи само да ги задоволиме сопствените визии и емоции, туку и да ги пренесеме на колективот.

Верувам дека вакви креативни настани се навистина убави и потребни, како за децата така и за возрасните.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-36.JPG

Благодарност до училиштето и директорката, кои ни ги обезбедија текстилните материјали, и до продавницата „Брегли“, кои ни донираа и направија огромни попусти за текстилните бои.

Посебна благодарност до Тодорка Ателје Семенакова за ангажманот, која волонтерски и со огромно задоволство ги соши и скрои моделите.

Фотографиите ги направи мојот сопруг Иван Кал'чев.

Во второто полугодие, во месец февруари, се префрлив да предавам во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје, на одделот „Дизајн на текстил и облека“, како професор по предметот „Дизајн на текстил“, место кое беше сон од мојата младост и за мене најубавиот предмет.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-9.JPG

Разделбата со децата од основното не беше лесна, но сите знаевме дека е за поубаво. Сепак, несомнено сум решена да ја продолжам работата со деца и понатаму. Можеби ќе биде во различна форма, но секако ќе биде интересно.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-37.JPG

На моето место во ООУ „Ристо Шуклев“ дојде наставничката Елизабета Ташевска, која со големо задоволство, одговорност и љубов ги презеде децата да ја дозавршат колекцијата и секако останатите обврски.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-44.JPG

Имаат прекрасна нова наставничка и верувам дека ќе продолжат да создаваат убави работи и да имаат многу нови, креативни и инспиративни проекти, кои се навистина потребни за правилен психофизички развој кај младите.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-38.JPG

Ме радува и тоа што некои од децата имаат желба да се запишат во Средно уметничко, што значи дека навистина сум успеала да им ја доловам убавината на уметноста.

Во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, по предметот Дизајн на текстил, за жал немавме време да изведеме целосна модна ревија, но во училиштето секоја година се одржува завршна изложба на најдобрите дела на учениците од сите предмети, па на неа учествувавме со изработки од целата учебна година- цртежи, 4 проектни матурски задачи, но направивме и 4 модели, поставени на кукли, изведени од учениците од III година, и 4 здолништа/дела, поставени како инсталација на клупите, од ученичка од IV година и од учениците од II и I година.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-09.JPG

Овие модели се доста покомплексни, имаат потреба од голема прецизност, а вклопивме и вез и монистри, со што самата изведба стана доста посложена.

Во склоп на завршната изложба во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ секоја година се одржува и фантастична модна ревија од учениците од III и IV година по предметот „Дизајн на облека“, кој го води проф. Елена Вангеловска. За сите што не биле во можност, препорачувам да ја погледнат, бидејќи е прекрасна изведба на еден ретко длабок спој на уметност и мода.

Во четирите модела кои беа поставени на кукли, се обидов да направам спој од повеќе компетенции кај учениците од III година, за завршно да добиеме по еден целосен модел. Работевме во групи, но и со индивидуален пристап.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-07.JPG

Обединивме различни текстилни техники и декоративни елементи, како текстилно сликарство, вез, стенсил техника, принт на текстил и рачно изработени детали од монистри.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-03.JPG

Моделот „Бунтовна елеганција“ е изведен со комбинирана техника со докрпувани материјали на принт на платно, инспириран од панк-стилот, поврзувајќи ги црно-бело-црвените црти/потези кои ја опишуваат естетиката на Круела како инспирација.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-3.JPG

Еден модел, „Слатка рококо драма“, е експериментален дезен со нанесување боја на платно и вез, друг е инспирација од флора и фауна, односно сликање на поголемо платно (пелерина), со воедно креирање на рачно изработени копчиња од монистри.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-04.JPG

Четвртиот е инспирација од флора, чипка и јапонската уметност, модел кој бараше доста прецизност и трпеливост, изработен е со сликање на кепар ткаенина и монистри.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-05.JPG

И за останатите дела, сите ученици работеа ентузијастички и со комбинација на повеќе техники. Особено ме радуваше нивната посветеност, трпеливост и подготвеност да експериментираат, покажаа голема креативност, одговорност и исклучително чувство за естетика, кое несомнено е клучен дек во секој уметнички израз.

Во однос на структурата на сите модели, работевме со едноставни форми/кроеви на основни ткаенини, но комплексни и интересни дезени. Работиме на овој начин бидејќи за децата, но и за почеток, е доста полесно за најпрво да се разбере како функционира самиот текстил, како материјалот ги впива боите, потребната прецизност и останато.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-06.JPG

Текстилните бои се доста поразлични од акрилните, па е потребно малку време и за прилагодување кон техниката.

Штета што веќе тешко се наоѓаат и се прилично скапи памучните материјали, а тие се најприлагодени за боите кои се достапни во Македонија.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-02.JPG

Во однос на кроевите, понатаму секако може да се креираат и покомплицирани модели, но сепак за ваков тип на работа, според мене е подобро да се задржи минимализам во кројот, бидејќи самиот дезен е доста сложен и подобро доаѓа до израз. Но, секако има и различни видови на едноставни кроеви кои можат да се искомбинираат да изгледаат современо и уникатно.

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-08.JPG

Во однос на текстилните материјали, откако раката и техниката ќе се извежбаат доволно, може да се работи и на свила, како и на многу други видови материјали.“

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-10.JPG

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-11.JPG

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-12.JPG

anamarija-mitrikjeska-kal-cheva-modeli-na-uchenici-2025-26-14.JPG

Најчитани неделава