Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 талентирани ѕвезди со кои никој повеќе не сака да соработува (фото)

Кетрин Хејгл

И покрај нејзината филантропија, Хејгл е позната по својот остар јазик кој не се плаши да го употреби. Поради ова не ѝ бил обновен договор за Grey’s Anatomy, односно не ѝ било дозволено да се врати на филмскиот сет.

Расел Кроу

Речиси сите го обожаваме Gladiator, но овој талентиран актер воопшто не е галантен во приватниот живот како на филмското платно. Насилен, агресивен и непредвидлив, неговата кариера излезе надвор од контрола поради честите физички пресметки и проблемите со алкохолот. Додадете ги и повиците со смртни закани до режисерите и јасно е за каков карактер станува збор.

Шиа ЛеБуф

Неговата кариера тргна по нагорна линија, но по Transformers актерот беше дел од многубројни скандали, меѓу кои и неговото барање за снимање на вистинска, наместо симулирана секс сцена за време на Nymphomaniac. Беше обвинет и за плагијат за краток филм што го направи. Гласините велат дека самиот си извадил заб за време на снимање и дека бил под дејство на дрога со цел подобро да го долови карактерот.

Бијонсе

Слично како и Џенифер Лопез, и оваа ѕвезда има неверојатно чудни барања од помошниците, како рачна изработка на коцки мраз, вода која мора да биде послужена на одредена температура и тоалетна хартија во одредена боја. Денес ретко може да ја видиме и во некоја филмска улога за разлика од порано.

Гвинет Палтроу

Палтроу е позната по својот екстремно здрав животен стил и режим на исхрана. Јаде само органска храна и очигледно мрази кога некој го користи тушот пред неа за време на тренингот.

Јавна тајна е дека таа е најомразената личност во Холивуд, бидејќи многумина ја доживуваат како арогантна и помпезна.

Шерон Стоун

Актерката отворено изјави дека го обожава фактот што е богата и славна, макар значело дека е тешка за соработка. Бидејќи прилично многу се намачила да стигне онаму каде што е, Стоун ја очекува истата посветеност од сите свои соработници.

Мајк Маерс

Зад неговата заразна насмевка се крие вистински огнен змеј. И покрај смеата која ни ја предизвика со улогата во Austin Powers, надвор од филмскиот сет, Мајк Маерс е човек кого сите го одбегнуваат за понатамошна соработка.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg