Сашка 42 дена изработува перики за 7 девојки од настраданите во пожарот од Кочани - доказ дека човечноста живее

„Првично, требаше за само една девојка, за на крај бројката да се зголеми на вкупно 8 перики од кои 7 за девојчињата настрадани во пожарот и една перика за една млада мајка - онколошки пациент. Девојчињата од Кочани се на возраст од 16 до 22 години“, вели Сашка за CRNOBELO.com. За една приказна од болка до надеж и за една жена со големо срце... Хуманост на дело!

bravo-sashka-od-kumanovo-pravi-periki-za-7-od-nastradanite-devojki-vo-kochani-raboti-na-toa-vekje-42-dena-01.jpg

Кога има хумани луѓе како Сашка, тогаш во срцата натежнати од болка влегува барем зрак светлина... А токму таа е светлината во срцата на 7 девојки настрадани од пожарот во Кочани, кои ја изгубиле косата и минуваат низ тежок процес на закрепнување.

Сашка Кузманова од Кавадарци е сопственик на компанијата ИНФИНИТИ ЛАЈФ КС Кавадарци за изработка на перики од природно влакно, наменети за онколошките пациенти, односно за сите оние коишто се соочуваат со најтешката болест - рак.

Таа неретко донира перики на онколошките пациенти, а сега ќе донира и за девојките кои настрадаа во пожарот во Кочани.

bravo-sashka-od-kumanovo-pravi-periki-za-7-od-nastradanite-devojki-vo-kochani-raboti-na-toa-vekje-42-dena-02.jpg

За овој хуман гест Сашка споделува за CRNOBELO.com:

„Трагедијата што се случи во Кочани нè потресе сите нас. Од најмало до најстаро.

Оваа трагедија не беше несреќен случај, туку суштинско предупредување за сите нас. Оваа трагедија остави една рана, која што никогаш нема да зарасне.

Оваа трагедија нè потсети сите нас, дека не треба само да плачеме, туку дека сега е моментот да ја покажеме нашата солидарност, оддавајќи им почит на загинатите, а од друга страна да пружиме рака кон настраданите коишто преживеаја.

Да им помогнеме во процесот на нивното оздравување, со позитивни мисли и нешто што во еден најмал момент би ги усреќило.

bravo-sashka-od-kumanovo-pravi-periki-za-7-od-nastradanite-devojki-vo-kochani-raboti-na-toa-vekje-42-dena-06.jpg

Запрашувајќи се неколку вечери по ред што и како би можела да помогнам, ме исконтактира фризерка од Кочани - Николина, која што ми ја кажа ситуацијата на девојките и дека после пожарот немаат коса, па дали би сакала да помогнам.

Без двоумење, веднаш се согласив.

bravo-sashka-od-kumanovo-pravi-periki-za-7-od-nastradanite-devojki-vo-kochani-raboti-na-toa-vekje-42-dena-08.jpg

Првично, кога се слушнавме имаше само една девојка, за на крај бројката да се зголеми на вкупно 8 перики од кои 7 за девојчињата настрадани во пожарот и една перика за една прекрасна млада мајка - онколошки пациент.

Девојчињата се на возраст од 16-22 години.

Па, кој би имал срце да не помогне и пружи рака на овие прекрасни девојки?

bravo-sashka-od-kumanovo-pravi-periki-za-7-od-nastradanite-devojki-vo-kochani-raboti-na-toa-vekje-42-dena-07.jpg

Не размислувајќи за тоа колку време треба за толку перики јас прифатив и почнав.

На 42-иот ден сите 7 перики се скоро готови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Браво за нашите млади таленти! Стефани од Гостивар, која црта со кафе, вино и низа техники, ќе ја им... „За портретите многу се важни контурите, сенките и целокупната изработка, а, пак...
Шеф Никола за татковството: „Ми беше малку страв на синот да му кажам дека ќе стане полубрат, но ме ... „Сум станувал во 3 наутро за да ја успијам Дариа, сум ја носел Калиа во раце дод...
Бубе Јаневска за стилот и убавината: „Имам над 35 сакоа, откако пијам 2.5l вода дневно имам поубава ... „По еден период на „мрза“ сега сум повторно физички активна. Сѐ уште немам ...
Анита Русевска (47) е дама со впечатлив стил - обожава бунди, преферира патики пред високи потпетици... „Со сопругот за преку ден не гледам да сме модно усогласени, но навечер или за н...
Бомбакис за татковството: „Плачев кога се родија ќерките, менувам пелени, но страв ми е да ја бањам ... „Кога моите родители ќе ми речеа 'Ќе видиш и ти како е кога ќе имаш дете' не вер...
Катерина Андова за битката со алопеција: „Никогаш нема да носам марами, сега кога ја знам слободата ... „Кога имав околу 20 години, по користење многу масти и креми, косата повторно ми...

Најчитани неделава