Чарна Невзати во фустан со боите на македонското знаме на Мис на светот: „Најубавата претставничка што сме ја имале“
- Детали
- понеделник, 12 мај 2025
„Повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на оваа глобална сцена и чест ми е што ја носам оваа прекрасна креација од Фуад Саркис - благодарам што направи да се чувствувам како кралица,“ напиша Чарна на Инстаграм.
Во саботата (10.05) се одржа церемонијата на свеченото отворање на изборот за Мис на светот, а нашата претставничка, Чарна Невзати блесна меѓу убавиците од целиот свет.
На дефилето, каде што беа претставени сите учесничките од преку 100 земји, девојките се претставија во национални фустани.
Нашата Чарна носеше фустан инспириран од боите на македонското знаме, во жолто-портокалово-црвена боја, со широки долги ракави.
На главата имаше огромно венче од црвени цветови во вид на круна и златни сандали.
„Чекорејќи кон наследството на убавината со цел, на 72-рата церемонија на отворањето на изборот за Мис на светот, повеќе од благодарна сум што ја претставувам мојата земја на оваа глобална сцена.
Чест ми е што ја носам оваа прекрасна креација од Фуад Саркис - благодарам што направи да се чувствувам како кралица,“ напиша таа на Инстаграм.
Фустанот на македонската претставничка беше ставен на листата „Пет најубави од европскиот континент“.
Кликнете за да да го погледнете видеото:
По долги години Македонија има своја претставничка на изборот за Мис на светот, а јавноста е сложна дека 20-годишната Чарна Невзати е прекрасна.
Меѓу оние што се воодушевени од неа се и актерката Маја Андоновска и водителката Јелена Спенџарска.
„Од убавина на денот, ја бирам Чарна Невзати, ќерката на мојата драга и најсакана професорка од студентските денови на ФДУ, Кери Невзати.
Чарна се роди кога ние бевме 4 година на факултет, името ѝ значи магија/магична, и нашата Чарна со цела своја убавина и интелект ќе ја шири својата магија на овогодинешниот избор на Мис на светот во Индија претставувајќи ја нашата земја Македонија.
Горди на нашето убаво македонско девојче. Среќно убавице“, напиша Маја.
„Најубавата, дефинитивно НАЈУБАВАТА претставничка која некогаш сме ја имале“ - вели Јелена.
Погледнете повеќе фотографии од Чарна на церемонијата на отворањето на изборот за Мис на светот на следната страница...
Прочитајте и Убавицата Чарна Невзати за CRNOBELO: „Моето име на арапски значи ‘пурпурна зеница во окото’“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





