Убавицата Чарна Невзати за CRNOBELO: „Моето име на арапски значи ‘пурпурна зеница во окото’“

„Освен Чарна, носам и второ име, Ал Нур, што на арапски значи „пурпурна зеница на окото“. Тоа име го добив по желба на баба ми и носи посебна емоционална тежина за мене“ - вели за CRNOBELO.com 20-годишната девојка, која е македонски претставник на изборот Мис на светот 2025.

ubavicata-charna-nevzati-za-crnobelo-moeto-ime-na-arapski-znachi-purpurna-zenica-vo-okoto-01.jpg

Убавата Македонка која нè претставува на изборот за Мис на светот, а кој во моментов се одржува во Индија, има уникатно и необично име - Чарна.

Ја прашавме за значењето на нејзиното име, а таа за CRNOBELO.com, откри дека има две имиња - нејзиното полно име е Чарна Ал Нур Невзати.

ubavicata-charna-nevzati-za-crnobelo-moeto-ime-na-arapski-znachi-purpurna-zenica-vo-okoto-04.jpg

„Името Чарна и има старословенско потекло со српски корени, а значењето му е „чаробно“, „чаролија“ односно „волшебно“ или „магија“.

Од самиот почеток, мајка ми знаела дека тоа ќе биде моето име, никогаш немала сомнеж дали треба да се викам поинаку.

ubavicata-charna-nevzati-za-crnobelo-moeto-ime-na-arapski-znachi-purpurna-zenica-vo-okoto-03.jpg

Исто така, носам и второ име, Ал Нур, што на арапски значи „пурпурна зеница на окото“.

Тоа име го добив по желба на баба ми и носи посебна емоционална тежина за мене.

ubavicata-charna-nevzati-za-crnobelo-moeto-ime-na-arapski-znachi-purpurna-zenica-vo-okoto-06.jpg

И двете имиња ги чувствувам длабоко лични и поврзани со мојот идентитет, па не, не можам да се замислам себеси да имам друго име“ - ни кажа таа.

Чарна е студент на Правниот факултет во Скопје, при УКИМ, но и модел во агенцијата Max Models.

ubavicata-charna-nevzati-za-crnobelo-moeto-ime-na-arapski-znachi-purpurna-zenica-vo-okoto-02.jpg

Прочитајте и Убави Македонки - Чарна Невзати ќе нè претставува на Мис на светот: „Убавината е моќна предност, но доаѓа и со стереотипи“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Сашко Коцев ќе бил Матеј, Каролина е крстена по прабаба ѝ - Како требало да се викаат познатите Маке... Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека ...

Најчитани неделава