Нашата Чарна Невзати пристигна во Индија за изборот Мис на светот 2025 - пречекана со локални обичаи
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
20-годишната Чарна од Скопје, во Индија беше дочекана со локални обичаи - доби ѓердан од цвеќе, а на челото ѝ нацртаа црвена точка, како што носат Индијките.
Убавата Чарна Невзaти (20) од Скопје, која годинава ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот, пристигна во Индија.
Таму, во следните три недели ќе се дружи со девојки од преку 100 земји од целиот свет, ќе прошета низ Индија, но и ќе се подготвува за самиот избор, кој е закажан за 31 мај.
Чарна, која е студент на УКИМ, на Правниот факултет, во Индија беше дочекана со локални обичаи - доби ѓердан од цвеќе, а на челото ѝ нацртаа црвена точка, како што носат Индијките.
По пристигнувањето, Чарна откри дека е цимерка со Мис Полска, а сподели и моменти од првиот појадок и почетокот на дружењето со останатите мисици.
Пред заминувањето, таа имаше подготовки во Истанбул, Турција, каде што ја направи и официјалната фотосесија.
Во интервју за CRNOBELO.com, оваа скопјанка откри дека преку кастинг била избрана да нè претставува на најголемиот избор за убавина.
„Претставувањето на Македонија не е само можност, тоа е и одговорност да му покажеме на целиот свет кои сме, нација на срце, наследство и надеж“ - рече таа.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Убави Македонки - Чарна Невзати ќе нè претставува на Мис на светот: „Убавината е моќна предност, но доаѓа и со стереотипи“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





