Тијана Дапчевиќ проговори за разводот на родителите: „Живееја под ист покрив, но не комуницираа“

Тијана во гостување во босански подкаст доби директно прашање „Дали татко ви отиде од вас или мајка ви инсистираше на тоа?“ и одговори искрено и од срце.

tijana-dapchevikj-progovori-za-razvodot-na-roditelite-zhiveeja-pod-ist-pokriv-no-ne-komuniciraa-01.jpg

Тијана Дапчевиќ во гостувањето од месец јануари во босанскиот подкаст „Опет Лака“, чиј водител е Елвир Лаковиќ Лака, музичар и шоумен, проговори за разводот на нејзините родители.

tijana-dapchevikj-progovori-za-razvodot-na-roditelite-zhiveeja-pod-ist-pokriv-no-ne-komuniciraa-03.jpg

На неговото директно прашање „Дали татко ви отиде од вас или мајка ви инсистираше на тоа?“, Тијана вели:

„Не е дека мајка ми инсистираше, туку тие не комуницираа многу време, а живееја под ист покрив.

Нема ништо полошо од тоа.

Родителите воопшто не размислуваат што на децата им се случува во тој миг“.

tijana-dapchevikj-progovori-za-razvodot-na-roditelite-zhiveeja-pod-ist-pokriv-no-ne-komuniciraa-02.jpg

На ова водителот дополнува од свое лично искуство, дека во вакви ситуации кај децата се појавува страв, а Тијана вели:

„Доста работев на тоа за да сфатам од каде во мене таа емоција. Зошто тој страв на мене ми се случува?

Знам дека е ирационален и знам дека мора да ја најдам причината за тоа.

Јас сфатив дека на мајка ми и татко ми сè им се случуваше поради недостиг од комуникација.

Разни проблеми се случуваат поради недостиг од комуникација.

Зошто јас немам тепих дома? Затоа што не ставам ништо под тепих. За сè мора да се разговара“.

Screenshot_10.jpg

Кликнете на видеото да ја слушнете нејзината изјава:

Погледнете го гостувањето:

Прочитајте и Тијана и Тамара го прославија 80-тиот роденден на татко им: „Да си ни жив и здрав“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава