Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како бајка
- Детали
- недела, 05 јули 2026
„На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовникот во снегот, и тогаш ја запознав Вероник. Заедно сме 34 години. Ѝ должам многу. Секогаш можев да сметам на неа“, рекол пред неколку години поранешниот фудбалер.

Вероник и Зинедин Зидан се запознале како тинејџери во Кан - тој имал 18, а таа 17 години, пред сите негови трофеи и фудбалски успеси.
Таа трае скоро четири децении, а парот е синоним за стабилен и успешен брак.

Зинедин Зидан (54) е еден од најдобрите и најпознати фудбалери во светот, човек со многу трофеи, но и контроверзии во кариерата (кога со глава во 2006 го удри Марко Матераци во финалето на Светското првенство и доби црвен картон).
Но, далеку од стадионите, тој е семеен човек, дедо, и горд татко на 4 сина, а неговото семејство му е најголемо засолниште.
Сопругата Вероник, пак, му е ветер во грби најголема поддршка за сè што правел во изминатите децении.

Вероник (Фернандез) е поранешна танчарка и модел, а има шпански корени.
Пред да стане сопруга на француската фудбалска легенда, таа сериозно тренирала класичен танц.

За разлика од повеќето сопруги на познатите спортисти, таа отсекогаш го избегнувала вниманието на јавноста и медиумите.
Со сопругот се појавувала само на големи настани и неколкупати кажала дека претпочита тивок семеен живот.
Со текот на годините, Зинедин и Вероник добиле статус на еден од најхармоничните парови во светот на спортот.
