Huawei се искачи за 42 места и е на шесто место на листата на BCG на најиновативни компании

Huawei напорно работи на развивање и збогатување на своето портфолио на уреди, односно: паметни телефони, преносни уреди, паметни уреди за домот, „Интернет на нештата” и телекомуникациска инфраструктура, додека го проширува својот екосистем и ја консолидира HUAWEI AppGallery како отворена иновативна платформа за дистрибуција на апликации.

huawei-se-iskachi-za-42-mesta-i-e-na-shesto-mesto-na-listata-na-bcg-na-najinovativni-kompanii-01.jpg

Иновативниот пристап, адаптацијата во секое сценарио и растот на технолошкиот бренд го заслужи шестото место на престижниот ранг на најиновативните компании.

Бостонската консултантска групација (Boston Consulting Group - BCG) истражува и избира 50 компании кои се достоен пример во областа на иновациите. Престижното рангирање на The Most Innovative Companies 2020: The Serial Innovation Imperative на BCG се фокусира на добри стратегии за постигнување и надминување на поставените цели на долг рок.

Во 2014 година, Huawei го зазеде 50-то место, а со долга и напорна работа кон иновативни решенија за подобро потрошувачко искуство, се придвижи на ранг-листата на 46-то место во 2015 година и 48-мо во 2019 година. Оваа година компанијата направи огромен скок со 42 места на ранг-листата и стигна до импресивната шеста позиција.

Huawei го развива својот екосистем на интерактивни уреди во истиот интерфејс. Стратегијата “1 + 8 + N” му овозможува на корисникот широк спектар на услуги и искуства. Huawei се потпира на целосниот потенцијал на технолошките иновации за да ја однесе индустријата напред, во две клучни области - мобилни уреди и cloud услуги. Брендот соработува со најдобрите светски компании за развој на апликации за да создаде побогато портфолио на квалитетни апликации. Исто така, постојано регрутира глобални развивачи да работат заедно за проширување на екосистемот и квалитетната содржина во AppGallery. Така, Huawei им нуди интелигентно искуство на своите корисници ширум светот.

Би можело да ве интересира:

Селото на Дедо Мраз во Рованиеми е вистинска зимска бајка: Ирваси, снешко од 3m и празнични желби Санки со ирваси, снешко од 3 метри, Дедо Мраз кому можете да му ги кажете своите...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
„Ја оставив ќерката тинејџер сама и заминав на викенд – ме дочека хорор во домот“ „Ако поканите некого во вашиот дом и нешто се случи, дали е виновен тој што ја н...
„На 15 години избегав од најозлогласениот култ – Нè камшикуваа и бев силувана“ „Морав да избегам пред да наполнам 16 бидејќи тогаш си присилена на секс, без ко...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg