„Левата нога ми тежи 45 килограми“: Девојка од САД со вроден лимфедем руши предрасуди и сонува да стане модел

Махагони Гетер има вроден лимфедем поради што нејзината лева нога е отечена и тежи 45 килограми. По малтретирањето што го трпела во детството, сега сака да ја зголеми свеста за нарушувањето и да им помогне на другите да го прифатат своето тело.

levata-noga-mi-tezhi-45-kilogrami-devojka-od-sad-so-vroden-limfedem-rushi-predrasudi-i-sonuva-da-stane-model-01.jpg

Махогани Гетер е млада девојка од Тенеси, САД која пробува да ja зголеми свеста за нејзиното вродено нарушување, поради кое едната нога ѝ е отечена и тежи дури 45 килограми.

Махогани има вроден лимфедем – нарушување кое се појавува поради слаб развој на лимфните канали во матката на мајката.

Ова нарушување предизвикува отекување на едната или двете нозе (некогаш и раце) поради акумулирањето течност во меките ткива.

Нарушувањето предизвикало отоци на целата лева страна од телото на Махогани, но отокот на левата нога е најизразен.

View this post on Instagram

A post shared by Mahogany Geter (@lymph.goddess23)

Поради нарушувањето, движењето на Махогани е многу отежнато:

„Ми ја краде целата енергија, нормално, бидејќи ногата тежи 45 килограми“.

24-годишната девојка вели дека отечената нога ја направила мета на исмејување во детството.

„Имав депресија бидејќи кога бев многу мала, голем број возрасни луѓе зјапаа во мене. Шегите на моја сметка и исмејувањето имаа големо влијание врз мојата ментална состојба.

Како дете, никогаш не се чувствував убаво. Мислев дека сум грда, дека сум чудак и честопати плачев сама“.

Махогани вели дека неколку лекари ѝ предложиле да направи операција, но таа одбила бидејќи постоеле големи шанси операцијата да биде неуспешна. Односно, отокот на ногата да се врати.

Па, Махогани си дала за цел не само да се прифати себеси, туку и да ја подигне свеста за ова нарушување за да им помогне на другите кои го имаат.

Во 2017 година Махогани работела во локален супермаркет, кога ѝ пришол некој фотограф. Тој ја замолил да направи фотосесија со неа бидејќи сметал дека е убава.

Поради малтретирањето што го трпела во детството, девојката прво мислела дека фотографот се шегува, но сепак се согласила.

„Си помислив дека секако станувам возрасна, па можеби е време да го покажам целот мое тело. Можеби тоа ќе им помогне на други луѓе“.

По фотосесијата, Махогани почнала да добива мали ангажмани, а направила и видео за Јутјуб каналот Truly каде што зборува за нејзината состојба, но и покажува како си купува облека.

Досега видеото има над 10 милиони прегледи и оттогаш популарноста на девојката постојано се зголемува.

„Генерално добивам позитивни пораки. Најмногу ми се допаѓаат оние од луѓе на кои сум им помогнала да си го прифатат телото“.

Махагони вели дека добива и негативни коментари, но истакнува дека преовладува поддршката.

Моментално Махогани има два профила на Инстаграм, од кои едниот има над 26.000 следбеници, и сонува да стане професионален модел.

„Ако навистина успеам, прво сакам да ѝ купам куќа на мајка ми и да му помогнам на семејството. Потоа ќе направам сè во моја моќ за да ја подигнам свеста за лимфедемот“.

Повеќе фотки од убавата девојка на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
Исповед на зависничка од солариум: „Продолжив да го користам и откако добив рак, сега болеста ми се ... Кармен од Англија е зависничка од солариум која добила рак на кожата поради чест...
Дали бременоста на Хилари Свонк на 48 години им дава лажна надеж на жените? Жена која останала бремена во доцните 40-ти години, а притоа има и јавна професи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg