Тест на личноста: Местото на кое ќе седнете открива дали сакате да сте главни или лесно прилагодливи

Столче 1
Ако го избравте овој прекрасен стол кој е поставен на чело на масата, вие сте природен лидер кој ги цени заедницата и традицијата.
Уживате да учествувате во донесувањето одлуки и промоција на заедничките вредности, а околината ве почитуван поради вашата јасна комуникација, организација и посветеност.
Вие поседувате и некое силно внатрешно јадро, кое им обезбедува стабилност и самодоверба на оние околу вас.
Сакате да им помагате на пријателите, семејството, вашиот тим деловен тим да напредуваат низ предизвиците.
Столче 2
Удобна фотелја со книга е избор на личност која е смирена, дури и затворена.
Вие ги цените удобноста, личниот простор и длабоките разговори еден на еден, повеќе од бучното друштво.
А кога ќе се најдете во втората ситуација, да сте меѓу толпа луѓе, претпочитате да имате позиција на набљудувач отколку на иницијатор на разговорите - слушате што зборуваат другите, ги впивате нивните приказни и емоции и го гледате нивното однесување.
Оваа стратегија ви овозможува да одржувате внатрешна рамнотежа, но воедно да го збогатите и вашето искуство со светот.
Столче 3
Изборот на белиот стол покрај лаптопот укажува на тоа дека сте личност склона кон детална анализа, која ја цени продуктивноста и решителноста и која ги одржува своите навики, дури и за време на викенди, празници или одмор.
Ефикасноста и редот во сè ви се важни, а тоа го вклучува и организирањето на вашиот личен простор.
Вашата страст за постигнување високи цели во животот се манифестира преку вашето внимание кон деталите и вашата желба да ги завршите работите до крај.
Иако работата е значаен дел од вашиот живот, тоа не ве спречува да уживате во слободните моменти, комбинирајќи ја работата со задоволството.
Столче 4
Ако го избравте дрвеното столче, вие сте опуштена личност која ужива во движењето, промените, физичката активност и практичните проекти.
Истовремено, сакате да им помагате на другите во извршувањето на нивните обврски, а се радувате и секогаш кога почнувате да работите на нов проект.
Многу сте опуштени, способни да се впуштите во каква било авантура за само неколку секунди, лесно се прилагодувате на промените и подготвени сте да го прифатите секој нов предизвик.
Оваа карактерна особина ви дава огромна предност во животот, го прави шарен и авантуристички.
Но, не заборавајте да се одморите повремено и да соберете сила за да можете да останете енергични и весели секогаш.
А. Ј. | Црнобело