Ќе ја решите ли детективската задача, забележувајќи само еден детаљ?

Мало размрдување на мозокот на празнична тема. За момент станете инспектор и обидете се да ја решите оваа мистерија.

ke-ja-resite-li-detektivskata-zadaca-zabelezuvajki-samo-eden-detalj-1.jpg

Еден инспектор бил на должност за време на новогодишните празници и утрото на 1-ви јануари добил повик. Отишол до адресата која му била кажана, а вратата му ја отворил еден поспан маж.

Инспекторот се претставил и ја објаснил ситуацијата:

„Ќе морам внимателно да го истражам вашиот стан. Вашиот сосед рече дека синоќа, на новогодишната забава, дошол во вашиот стан. И додека тој пеел празнични песни заедно со вашето семејство покрај вашата новогодишна елка, која светела во шарени бои, вие сте му упаднале во станот и сте му украле бројни вредни предмети.“

Мажот одговорил:

„Не е вистина! Новата година ја дочекавме во стан на еден мој пријател. Отидовме кај него попладнето, едвај имав време да ја накитам елката пред да излезам од дома. Се вративме дома доцна по полноќ и веднаш легнавме да спиеме. Ако сакате, ќе ја разбудам сопругата да ви ја потврди приказната.“

„Нема потреба, кога ќе разгледам подобро,“ го прекинал инспекторот. „Сосема е очигледно и јасно дека вашиот сосед лаже.“

Како инспекторот открил толку брзо?

Одговорот откријте го на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Предизвик: Решете му ја маката на селанецот - како кравата да не ја испасе тревата на соседите? „Еден селанец имал ливада во облик на круг, на која не смеел да ѝ стави ограда. ...
Детективска загатка: Која пријателка лаже? Имате ли моќи за забележување детали? Би се снашле ли во улога на детектив или ќ...
Математичка задача е хит на социјалните мрежи – Колку време ќе ви треба за да ја решите? Да не се лажеме, задачава не е воопшто лесна. Колку време ќе ви треба да ја реши...
Логичка загатка која ќе ве натера да се подзамислите: Колку билети им се потребни? Дали сакате логички загатки и предизвици? Ако да, оваа загатка е баш како за вас...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Што е „пепун“? Знаете ли што е „пепун“? Пишете ни во коментар како се вика во вашиот крај. З...
Загатка на која паѓаат безобразните умови – за што станува збор? Дали имате безобразен ум што ќе ве спречи да одговорите точно или пак го знаете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg