Се сеќавате на Даниел Кајмакоски од 2009-та?

Иако веројатно на повеќето им се чини магично појавувањето на Даниел Кајмакоски и ги обзема буквално лудило за талентираното харизматично момче, сепак има некои работи кои се недоволно забележани.

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-01

Даниел беше одличен пејач и пред „Х-фактор“ и ова не е негово прво појавување на музичката сцена.

Чудно е што многумина покрај ова шоу го забележаа вистински, a она што им било покажано пред 5 години на македонскиот фестивал „Охридски трубадури“ ретко кој го помни.

Тогаш Даниел беше најавен како новата ѕвезда под закрила на маестралниот Григор Копров. Токму со неговата песна „Нежна ко принцеза“ го освои и четвртото место на Интернационалната вечер на фестивалот.

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-1

Во тој период тој веќе 18 години живееше во Виена каде според неговите изјави за медиумите, има завршено музичко училиште и Музичка академија, настапувал по ноќни клубови, а учествувал и на австриски избор за таленти, сличен на „Идол“.

Во 2010 година има снимено уште една песна на македонски јазик „Без неа на овој свет“ која ја има објавено на Јутјуб.

Исто така на некои музички профили и страници се појавува како пејач, но и како композитор на некои германски песни.

Никој не се заинтересира за неговиот талент ниту кога се слушна неговото име потпишано зад музиката на преубавата песна „Ти не се враќаш“ на Каролина Гочева во соработка со Влатко Стефановски, која беше вистински хит.

Веројатно ќе има уште многу работи кои ќе се откријат и ќе нè замислат што сме имале пред нас многу одамна, а не сме знаеле вистински да го процениме.

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-2

Можеби „Х-фактор“ е неговата вистинска шанса, остварување на неговиот сон и пат до светска слава каква што заслужува.

Ако досега не го забележавте, не дозволувајте да се покаете. Слушнете го, гласајте и поддржувајте го цело време.

Само така ќе покажаме дека знаеме да го цениме она што го имаме. Не дозволувајте другите да одлучуваат за него. На Даниел му е најзначајна поддршката од Македонија!

Слушнете ги неговите 2 песни на македонски јазик



Овде може да ги преслушате неговите испеани и компонирани песни на германски јазик

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg