Првиот албум на Даниел ќе се појави во јуни

Откако победи на првиот регионален „Х-фактор Адриа“, Даниел ја посети својата родна Македонија, имаше средби со многубројни фанови, се одмори и сега повторно е вратен во Белград каде веќе ги одбира песните за првиот албум.

prviot-album-na-daniel-ke-se-pojavi-vo-juni-01

Од она што досега се знае сигурно е дека ќе има 3 негови авторски композиции, повеќето песни ќе бидат од странски автори, а ќе има и од неколку домашни.

Според последните најави се очекува првиот албум да излезе во јуни. Фановите се нетрпеливи и едвај чекаат да ги слушнат првите песни од својот миленик, да ги пеат заедно со него и што поскоро да го видат на концерт.

Даниел ужива додека снима во студиото во Белград, возбуден е за секоја нова песна, а сигурно пристигнуваат илјадници понуди, бидејќи секој би сакал да соработува со моментално најголемата музичка ѕвезда на Балканот!

Додека ја чекаме првата песна од првиот албум, потсетете се на еден од неговите настапи на „Х-фактор“:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg