Бијонсе е всушност мајка на нејзината сестра и уште 6 луди теории на заговор за познатите личности

Која навистина е Кети Пери? Дали Мајкл Џексон е жив? Дали Аврил е клонирана? Која е вистината зад љубовниот живот на Тејлор Свифт?

bijonse-e-vsushnost-majka-na-nejzinata-sestra-i-ushte-6-ludi-teorii-na-zagovor-za-poznatite-lichnosti-01.jpg

Постојат низа теории на заговор за познатите кои си имаат свое долгогодишно култно следење. Некои фанови се толку посветени на овие теории, што се изработени посебни веб-страници, се „фрлаат“ пари на докажување, се изработуваат и илјадници видеа годишно, а исто и толку подкасти.

Некои од овие теории се само за забава, ама некои можат да ве замислат до толку, што сигурно ќе потрошите часови и часови пребарувајќи на интернет, поврзувајќи точка А со точка Б, и сè така до недоглед.

Ајде да видиме само дел од нив - 7 теории на заговор за познатите:

Аврил Лавињ или Мелиса Вандела?

Има некои теории кои згаснуваат по само неколку месеци. Но, оваа теорија постои со години.

Голем дел од фановите се уверени дека вистинската Аврил починала во 2003 година по издавањето на нејзиниот прв и најуспешен албум со наслов Let Go.

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-03.jpg

Наместо вистинската Аврил, најмена е нејзина двојничка со име Мелиса Вандела (или во некои случаи се кажува дека таа е нејзин клон).

Од таа „кобна“ 2003 година, фановите почнуваат да забележуваат физички разлики, а било истурено масло на оганот оној момент кога во текот на една фотосесија, наводната Аврил се појавува со името „Мелиса“ испишано на нејзината рака.

Оваа теорија за првпат станува позната преку бразилска веб-страница која објави статија со наслов „Аврил е мртва.“ Дури и самата Аврил одговори на оваа теорија, нарекувајќи ја „лудост во која не треба да се верува“.

Но, фановите се убедени дека сепак, зад сето тоа негирање, се крие една голема и темна вистина.

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-04.jpg

Тупак Шакур и лажираната смрт

Постојат голем број теории на заговор поврзани со овој рапер, а една од нив е дека ја лажирал својата смрт и дека моментално живее или на Јамајка, или во Куба.

Раперот беше застрелан на 7 септември 1996 година во Лас Вегас. Со четири истрелани куршуми во телото, Тупак помина шест дена во болница, а потоа им подлегнал на повредите. Или, можеби не?

Има неколку докази за тоа дека раперот можеби е жив. Еден од нив е фотографија со временски печат 8 септември 1996 година. Другиот доказ е интервју со неговата мајка во кое вели дека на Тупак му било смачено да се бори низ светот на шоу-бизнисот, па затоа решил тивко и незабележително да си замине.

Има уште безброј „докази“ за оваа теорија, но прашањето уште останува - дали Тупак е жив или не?

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-05.jpg

Киану Ривс е бесмртен

За оваа теорија постои една цела веб-страница. На неа може да се најде интересен колаж кој прикажува познати и не толку познати насликани личности од минатото, кои многу потсетуваат на актерот. На колажот има и фотки од актерот низ годините кои наводно докажваат дека тој не старее.

Во едно интервју, Киану потврди дека слушнал за теоријата, но не потврди дали е вистина или не.

Сепак, ако добро размислиме, многу поверојатно е лудата теорија да е само тоа - теорија на заговор.

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-06.jpg

Дали Бијонсе е мајка на нејзината сестра?

Оваа теорија датира од раните 2010-ти и зема свој замав скоро секоја година.

Накратко, теоријата потенцира дека Бијонсе е родена во 1974, а не во 1981 година, и дека ја родила Соланж кога имала само 13 години, а нејзините родители ја израснале како нејзина.

Оваа теорија првично се роди поради тоа што долго време Бијонсе одбиваше да каже кога е точно родена. И нормално, фановите почнаа да копаат по нејзиното минато, и да откриваат некои нешта... или пак само да претпоставуваат?

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-07.jpg

Кети Пери е впрочем ЏонБенет Ремзи?

Случајот на ЏонБенет Ремзи ги потресе не само САД, туку и целиот свет. Станува збор за убиството на мало девојче во 1996 година во нејзиниот дом.

Шокантно е што сѐ уште нема конкретна разврска, иако има голем број осомничени.

Теоријата алудира на тоа дека ЏонБенет не е убиена, туку пораснала да постане познатата пеjачка Кети Пери.

Оваа теорија на заговор првпат се појавува на средината од 2010-тите години.

Симпатизерите на оваа теорија имаат изнајдено навидум солидни докази дека оваа теорија може да е вистина, содржани во текстовите на Кети Пери и во физичките сличности на родителите на ЏонБенет и самата пеjачка.

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-08.jpg

Тејлор Свифт и нејзиниот скриен љубовен живот

Сите знаеме дека Тејлор е опседната со тоа да пишува текстови и да компонира песни за нејзините неуспешни врски. Од Хaри Стајлс до Џејк Гиленхал, Тејлор има напишано песна за секој еден од нив.

Но, што ако тоа е само една голема маска за пред светот? Што ако Тејлор е вљубена во... девојка?

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-09.jpg

Постојат илјадници ТикТок видеа, видеа на Јутјуб и веб-страници кои нудат дебели докази дека Тејлор била во врска со манекенката Карли Клос во минатото.

Има докази преку нејзините текстови од песните, фотографиите од нив две, пораките кои си ги оставале на Инстаграм профилите, истите алишта кои си ги разменувале и што уште не.

Теоријата укажува на тоа дека поради страв од тоа како ќе реагира светот, Карли престанува да се дружи со Тејлор. Фановите се толку убедени во оваа теорија, најмногу поради една снимка која покажува како двете се бакнуваат.

Дали станува збор за само едно неуспешно пријателство, или една скриена љубовна приказна? Можеби нема никогаш да дознаеме.

7-teorii-na-zagovor-za-poznatite-dvojnici-sokriena-vrska-nepriznaena-kjerka-lazhirana-smrt-10.jpg

Мајкл Џексон е жив?

Исто како теоријата со Тупак, оваа алудира на тоа дека Мајкл Џексон не починал на 25 јуни, 2009 година. Сакал само скришно да замине од светот на познатите и да живее нормален живот.

Најголемиот доказ за валидноста на оваа теорија ја има видеото каде се покажува амбулантното возило кое го земало „безживотното“ тело на кралот на поп музиката. Зборови не можат да доловат. Затоа погледнете го:

Постојат разноразни теории за познатите. Некои се смешни, како на пример дека Бритни Спирс е вонземјанин, Шер е вампир, Мадона е робот.

А, некои се навистина страшни, како на пример дека поранешниот американски претседател Обама е водач на Илуминатите, принцезата Дијана е убиена од кралското семејство, или дека кралското семејство Романи не биле убиени, но избегале од Русија.

Можеби еден ден ќе дознаеме. А можеби и не. 

Дали покрај секој чад има и оган? Дали може да им се верува на некои од овие теории на заговор?

К. А. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg