Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинување

Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со партнерот. Слободните, пак, главно може да очекуваат авантури пред да го најдат вистинскиот. Каков ќе ви биде љубовниот живот овој јули?

ljuboven-horoskop-za-juli-2026-bliznacite-vo-vrska-so-javna-lichnost-ribite-razmisluvaat-za-raskinuvanje-01.jpg

Дали овој јули ќе ви помогне да ги решите проблеми со партнерот, или уште толку ќе ескалираат?

А, дали конечно ќе најдете љубов или ќе ви биде тешко да им верувате на потенцијалните партнери?

Љубовен хороскоп за јули 2026:

Овен

Ако сте во врска:

Овој јули може да биде предизвикувачки кога е во прашање односот со партнерот.

Но, ако ја преземате улога на детектив и се потрудите да ги најдете корените на проблемот, до крајот на месецот би требало да најдете начин да ги решите конфликтите.

Нетрпеливоста ќе ви биде најголемата пречка овој период, па ќе мора да научите да бидете пофлексибилни ако сакате да избегнете ескалација.

Ако сте слободни:

Ако почнете нова врска, тоа најверојатно ќе биде со личност која е присутна во јавноста.

Па, јули ќе го одбележат излегувања и посети на јавни настани, што вистински ќе ви годи.

Од друга страна, доколку ви се допаѓа некој од работното место или личност која сте ја запознале преку колеги, ќе треба да се потрудите повеќе за да ја освоите.

Оваа личност веројатно е позатворена и потешко верува, па ќе треба да ѝ покажете дека може да ви верува вам.

Бик

Ако сте во врска:

Во текот на јули ќе морате да разговарате со партнерот за проблемите кои ги избегнувате подолг период.

Овие проблеми вклучуваат важни животни прашања и ако сакате да продолжите понатаму, мора да дојдат на дневен ред.

За да го средите односот со партнерот, ќе треба да поработите и на себе, да направите промени во секојдневието и, генерално, да станете подобра личност, а со тоа и подобар партнер.

Ако сте слободни:

На почетокот од месецот ќе сонувате за личност со која постои шанса да почнете врска, но вие ќе треба да го направите првиот чекор.

Некои Бикови можно е да се впуштат и во тајна врска, и тоа со личност која ја познаваат прилично долго.

Ако оваа врска не успее, ќе имате и други средби и можности, и тоа со личности со кои најмалку сте очекувале, па на вас останува да одлучите што ќе направите следно.

Близнаци

Ако сте во врска:

Месецот ќе почне со чувства на сомнежи насочени кон партнерот и тензија во односот.

Треба добро да размислите како ќе ѝ пристапите на ситуацијата за да не дозволите да се претвори во нешто големо.

Ако сте во понова врска, работните обврски може да ви претставуваат товар и да не ви дозволуваат да минувате повеќе време заедно.

Сепак, ако со партнерот си покажете разбирање, лесно ќе го надминете и овој период.

Ако сте слободни:

Ако ви се допаѓа личност со која соработувате, во текот на месецот заедничките обврски дополнително ќе ве зближат.

Истовремено, можете да очекувате и средба со некоја јавна личност која од корен ќе ви го промени животот.

Ако почнете врска, ќе треба да се потрудите да не бидете љубоморни и да прифатите дека вашата нова љубов едноставно е популарна.

Искрениот разговор ќе ви помогне да се ослободите од сите неосновани сомнежи.

Рак

Ако сте во врска:

Ситуацијата во љубовта главно ќе зависи од вашата способност да се адаптирате.

Емоциите ќе ви бидат истакнати, па ќе биде од огромна важност да бидете пофлексибилни и да не ја претворате секоја ситница во голема караница.

Од партнерот ќе сакате да ви обрнува повеќе внимание и да ви даде сигурност. Можете да го добиете сето ова уште пред крајот на месецот, но само ако искрено разговарате со него.

Ако сте слободни:

Овој месец повеќе ќе се фокусирате на тоа да си го средите животот и нема да ви пречи што сте сами.

Но, тоа не значи дека ќе нема можности за љубов.

Голема е веројатноста да запознаете потенцијален партнер онлајн или на место каде што најмалку очекувате.

Можно е и да почнете врска со личност на која одамна ѝ се допаѓате, но досега се плашела да ги сподели своите чувства со вас.

Лав

Ако сте во врска:

Во јули односот со партнерот може да биде понапнат од вообичаено и ќе ви биде тешко да се усогласите околу заедничките одлуки.

Партнерот ќе има полни раце работа, а вие нема да можете да му бидете од помош и ова ќе создаде дополнителна тензија меѓу вас.

Сепак, и ова е период што ќе успеете да го надминете – треба само да бидете трпеливи и желни за разговор.

Ако сте слободни:

Мали се шансите до крајот на месецот да останете сингл.

Ќе се дружите повеќе од вообичаено, ќе излегувате многу, што значи ќе имате и многу повеќе шанси за средби.

Голема е веројатноста да почнете врска со личност од странство, а постои можно да најдете партнер и онлајн.

Во секој случај, оваа нова врска ќе биде полна со страст и на добар пат да се претвори во нешто сериозно.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе сакате партнерот да ви посвети повеќе внимание и да ви покаже повеќе љубов.

Но, ќе треба да му дадете сигнал дека ова е тоа што ви недостасува.

Доколку вие или партнерот сте личност која често патува или отсуствува од дома, периодов може да ви биде тешко да се согласите за некои работи.

Сепак, до крајот на месецот ќе бидете послободни, а ова е период што треба да го искористите за да ја вратите хармонијата во односот.

Ако сте слободни:

Подготвени сте за сериозна врска, а веќе постои личност која подолго време ви се допаѓа.

Ќе се обидете да стапите во контакт со неа, но важно е да не се откажувате веднаш ако не ви се допаѓа првиот состанок.

Настојувате да ги идеализирате работите, но ако сакате врската да трае, треба да ѝ дадете време да созрее, па бидете трпеливи.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...

Најчитани неделава