Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинување

ljuboven-horoskop-za-juli-2026-bliznacite-vo-vrska-so-javna-lichnost-ribite-razmisluvaat-za-raskinuvanje-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Ќе се чувствувате очајно бидејќи нема да знаете како да се поставите пред партнерот.

Вам ве привлекла неговата енергичност и одлучност, а периодов ќе ви делува прилично пасивно.

Но, наместо да барате изговор за караница, сфатете дека сега на партнерот ќе му треба вашата поддршка, разбирање и внимание.

Ако минува низ тежок период, покажете му дека сте тука за него и наскоро ќе си ја врати енергијата што ве освоила.

Ако сте слободни:

Она што ви треба во моментот е забава и повеќе ќе ве привлекуваат духовити личности отколку сериозните интелектуалци.

Иако не ви е во план да влегувате во сериозна врска, сосема возможно е да „паднете“ на некоја личност и да си го промените мислењето.

Додека размислувате што да правите, сосема возможно е да добиете повик од личност кој веќе неколкупати ви кажала дека ѝ се допаѓате.

Скорпија

Ако сте во врска:

Бидете подготвени за навистина убава и возбудлива промена во односот со партнерот.

Ако досега не сте успеале да ги решите проблемите, јули ќе биде месецот кога ќе ги оставите зад вас.

Пожелно е да отидете на кратко патување каде што е ја вратите страста во односот со партнерот и одново ќе се заљубите еден во друг.

Ако сте слободни:

Овој јули е како создаден за тајни љубови и романтични доживувања.

Ако досега не сте се заљубиле, до крајот на јули големи се шансите ова да се промени.

Некои Скорпии, особено постарите, може да сретнат љубов од минатото и да посакаат да ѝ дадат уште една шанса на врската.

Овој пат можеби и ќе успее.

Стрелец

Ако сте во врска:

Нетрпеливоста ќе ви создава сериозни проблеми овој јули, па ќе биде важно да се контролирате.

Потрудете се да му покажете повеќе разбирање на партнерот, особено во ситуации како планирање одмор.

Не дозволувајте малите работи што ве иритираат да ескалираат во сериозен проблем, избегнувајте ги непотребните стресови и ќе успеете да ја зачувате хармонијата во врската до крајот на месецот.

Ако сте сингл:

Веројатно ова е најдобриот период за вас кога е во прашање љубовта.

Иако можеби ќе треба да ја промените стратегијата и повнимателно да слушате, нема да ви недостасуваат додворувачи и можности за нова љубов.

Ако веќе ви се доаѓа некоја личност, ќе треба вие да го направите првиот чекор особено ако е симпатија од минатото.

Јарец

Ако сте во врска:

Што помалку луѓе знаат за она што ви се случува со партнерот, толку подобро за вас.

Сами решавајте ги проблемите и немојте да ги споделувате тајните на партнерот со други, дури ни најблиските пријатели.

Во спротивно, партнерот ќе се чувствува предадено, а ова ќе ви донесе уште еден куп проблеми.

Сè додека приватно работите на тешкотиите, до крајот на месецот ќе најдете решение.

Ако сте слободни:

Ќе имате неколку можности да почнете нова врска, но најверојатно нема да ви се допаѓаат овие личности.

Ќе бидете попребирливи од вообичаено, но тоа е во ред, особено ако барате сериозна врска, а не кратка авантура.

Но, до крајот на месецот сосема возможно е да сретнете личност која ги дели истите ставови и верувања како вас и со која веднаш ќе „кликнете“.

Водолија

Ако сте во врска.

Веќе подолг период чувствувате љубомора, а ова ќе кулминира во текот на јули.

Можеби самите не сакате да си го признаете ова чувство, но факт е дека има контрола над вас.

Наместо да го потиснувате, потрудете се да разговарате со партнерот за ова бидејќи најверојатно вашите сомнежи се неосновани.

Ако сте слободни:

Сонувате за нова врска, а можно е и веќе да има некој на вашиот радар.

Сега оваа личност веројатно ви се чини недостижна и точно е дека можеби нема да ја освоите до крајот на месецот.

Но, следниот би требало да имате повеќе можности за средба и би било добро да ги искористите.

Риби

Ако сте во врска:

Ако партнерот се однесува посесивно, ова ќе почне сериозно да ви пречи и ако не најдете решение, ќе размислувате и за крај на врската.

Но, доколку не се соочувате со проблеми, јули би требало да помине мирно.

Ќе уживате во миговите со партнерот и вистински ќе ви годи кратко патување, ако имате можност за тоа.

Ако сте слободни:

Овој јули ќе имате бројни можности за љубов, но тоа не значи дека ќе најдете и сериозен партнер.

Добро би било периодов да си дозволите да се забавувате и да не се ограничувате премногу.

Па, кога ќе дојде вистинскиот, ќе познаете и ќе вложите повеќе во таа врска.



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...

Најчитани неделава