Хороскоп: Кој е активен, а кој умее да здивне?

horoskop-koj-e-aktiven-a-koj-umee-da-zdivne

Овните не здивнуваат до последниот атом сила, Близнаците имаат време за спорт кој за нив е тест на издржливост. Неуморните Лавови преферираат колективни спортови, Јарците наоѓаат време за музика и книга.

Секој знак од Зодијакот на свој начин се бори со стресот, благодарејќи и на својата природа, потребата од спорт и начините на кои успева да го „амортизира“ стресот.

И додека огнените знаци никогаш не здивнуваат и се борат до последниот атом сила, припадниците на водените и земјените знаци умеат да се одморат исто онолку колку што умеат да работат.

Овен
Вашиот живот е полн со возбуда и немате ниту момент одмор. Енегрични сте и активни до граница на издржливост, но со своето однесување ризикувате потполно да се исцрпите и да бидете под стрес. Со несмален жар се занимавате со спорт и со други физички активности во што редовно претерувате бидејќи не ги познавате границите на својата физичка издржливост. Поради недостаток на време, ја запоставувате вашата духовна и интелектуална страна. Денот од 24 часа е прекраток за припадниците од вашиот огнен знак.

Бик
Со вашиот знак владее Венера, планетата на уживањето, така што кога се одморате, вие навистина се одморате, а кога работите, не кревате глава од работа. И покрај нагласената потреба од уживање, многу сте успешни во решавањето на практичните животни проблеми. Иако ја обожувате природата, не сте љубители на спортови кои бараат поголем физички напор. Меѓутоа, на интелектуален план многу сте активни, а хоби ви е читањето или собирањето антиквитети. Шетањето и патувањата најдобро ви го ублажуваат секојдневниот стрес.

Близнаци
За претставниците од вашиот знак проблем е паузата со која што собирате сила за некои работи и потфати. Но, таа пауза е корисна бидејќи ви помага да го избегнете стресот кој што може да се јави поради преоптовареност од обврски. Секогаш сте под некој притисок, но тој брз ритам не и одговара во потполност на вашата физичка конституција. Иако се занимавате со спорт, тоа го правите за да ја покажете својата издржливост. Често ги менувате спортовите затоа што бргу ви досадуваат. Интелектуално сте многу активни и на тој план никогаш немате потреба од пауза.

Рак
Сензуални сте и подложни на делување на околината, но умеете да се прилагодите кон луѓето и средината во која се наоѓате. Иако не сте премногу активни, партнерот кој е активен може да ве мотивира. Сепак способни сте со својата енергија и одрекувања да ја победите повремената молчеливост. Ако го следите својот вроден инстинкт, веројатно доброволно би останале дома помеѓу четири ѕида. Сакате да читате и обожувате мирен одмор во кој собирате сила за нови работи.

Лав
Како и сите огнени знаци, активни сте и неуморни во сите области од животот. По природа сте ентузијаст и оптимист, постојано изнаоѓате нови работи и се трудите да ги унапредите своите идеи и на приватно и на деловно поле. Се плашите од досада и неред кои за еден претставник од вашиот знак се нешто најлошо што би можело да му се случи. Сакате колективни спортови кои ви овозможуваат да се дружите со луѓе, но исто така ве интересираат и игри во кои треба да ги вклучите и вашите интелектуални способности.

Девица
Секогаш морате да се чувствувате корисно и не сакате своето време да го трошите на бескорисни работи. Во секој момент сакате да бидете ангажирани и да дадете сè од себе за тоа што го работите бидејќи многу ви е важно мислењето на околината. Ја следите секоја иницијатива за да не се оддалечите од друштвото кое многу ви значи. Поради честото чувство дека сте распнати на сто страни, не успевате потполно да се остварите ниту на една. Затоа кај вас може да се јават различни фрустрации и чувство на неприпаѓање.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg