Хороскопот открива: Кој е вашиот непријател?

Астрологијата може да ви открие многу работи според тоа кој е вашиот хороскопски знак, а меѓу другото може да открие и кои луѓе едноставно не можат да ве трпат и многу лесно можат да ви станат непријатели.

horoskopot-otkriva-koj-e-vashiot-neprijatel-01

Еве што вели астрологијата:


Овен

Главни непријатели: Нерасположени, мрачни луѓе

Со оглед на тоа што вие сте енергични, секогаш расположени за акција и во добро расположение, едноставно не можете да трпите луѓе кои ве уништуваат со своето лошо расположение. Летаргијата едноставно ве излудува.


Бик

Главни непријатели: Зависници од работа

Биковите се одговорни личности и на нив секогаш можете да се потпрете, но исто така чувствуваат и потреба за поврзување со некои спиритуално настроени луѓе. Токму затоа, се трудат да не бидат сериозни и не им одговараат луѓе кои себеси се претставуваат како важни и сериозни личности.


Близнаци

Главни непријатели: Уметници

Близнаците се склони на често менување на расположението, па токму затоа не сакаат да бидат опкружени со луѓе кои се најчесто нерасположени и во депресивни состојби. Близнаците се борат со сопствените промени на расположението и затоа не сакаат да бидат опкружени со луѓе кои ги носат во друг правец.


Рак

Главни непријатели: Мистериозни луѓе

Емотивните Ракови не се согласуваат со мистериозни, мрачни и таинствени луѓе. Преферираат да останат во удобноста на сопствениот дом и да бидат сигурни, па токму затоа не сакаат луѓе кои си играат топло-ладно и со кои не знаат на што се.


Лав

Главни непријатели: Луѓе кои сакаат внимание

Лавите се полни со самодоверба и секогаш сакаат да бидат центар на вниманието. Како такви, органски не ги поднесуваат другите луѓе кои се полни самодоверба и желни за внимание. Постои само еден рефлектор, а тој треба да биде насочен само на нив.


Девица

Главни непријатели: Невротичари

Како организирани и перфекциозни личности, Девиците можат да трпат многу, но не и уште една организирана личност. Некој кој е подеднакво невротичен како нив ги потсетува на тоа како и самите се однесуваат, па и затоа не сакаат да бидат покрај такви личности.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовниот совет што ви е потребен овој Валентајн, според хороскопскиот знак Бикови, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите промена...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Годишен хороскоп за 2024: Девица Во 2024-та година, Девиците ќе донесат важни финансиски одлуки, а ги очекуваат п...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
Годишен хороскоп за 2024: Јарец За вас, 2024-та ќе биде година на многу можности, и тоа во секој аспект – кариер...
Што ви го поправа расположението веднаш, според хороскопскиот знак? Овните се чувствуваат најдобро кога победуваат. Тие се најсреќни кога знаат дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg