Девицата смислува детален план, Скорпијата се крие од сите - како секој од знаците се справува со своите најголеми стравови?

Секој од нас има свои стравови и внатрешни демони. Прашањето е како се справуваме со нив? Астрологијата тврди дека секој од 12-те знаци има поинаков метод кога станува збор за справување со најлошото.

Kako-sekoj-od-znacite-se-spravuva-so-svoite-najgolemi-stravovi-01.jpg

Некој излегува како победник, некој се повлекува, некој е ранлив, а некој пак излегува посилен од битката… како вие се справувате со своите најголеми стравови според хороскопскиот знак?

Овен – Се соочувате агресивно, но со ладна глава

Дури и кога се плашите од нешто се обидувате да останете смирени и да оставите слика дека сте „тврдо оревче“ пред другите.

Не сакате да покажувате слабост, но исто така не седите со скрстени раце. Најверојатно ќе смислите некој план или решение на кои ќе им пристапите со ладна глава.

Вие сметате дека подобро е стравовите да се нападнат брзо и агресивно отколку да се бега од нив.

Бик – Тврдоглаво одбивате да прифатите дека има проблем

Не сакате кога не сте во право ниту пак кога работите се менуваат. Кога се соочувате со своите најлоши кошмари, се држите како „за сламка“ до работите што добро ви се познати.

Радо би го одбиле верувањето дека ви се случило нешто лошо, отколку да го адресирате проблемот. Пасивно ќе седите додека бурата не ве одмине, тврдоглаво одбивајќи да прифатите дека сепак имате некој проблем или страв.

Близнаци – Се впуштате во активности што го одвлекуваат вниманието

Слично како и Бикот и вие радо би се преправале дека не ви се случува ништо лошо. Но наместо да се држите до работите што ви се добро познати, вие решавате да го насочите вниманието каде било само за да не се справувате со реалниот проблем.

Ќе најдете некое ново хоби, ќе запознаете нови луѓе и ќе станете дел од необични, дури и чудни ситуации, само за да си дадете доволно простор и да не се грижите премногу за стравовите кои ги криете во себе.

Рак – Трчате кон најблиските за поддршка

Вие навистина не умеете да се соочите сами со проблемите. Кога ќе започнат да се манифестираат вашите најлоши стравови, се чувствувате оптоварено. Трчате веднаш во прегратките на најблиските луѓе со цел да ве утешат.

Сè додека тие се со вас се чувствувате подобро и имате надеж дека ќе ги пребродите сите тешкотии пред вашиот праг.

Лав – „Монтирате“ храбро лице и глумите дека сè е во ред

Вие имате многу слична енергија со Овенот. Не се плашите да се соочите со своите стравови уште од самиот почеток. Местите лажно, храбро лице и глумите дека сè е во ред, иако не сте премногу сигурни во тоа.

Глумите додека не се остварат целите и додека не се разрешат проблемите, бидејќи по секоја цена сакате да излезете непоразен победник.

Девица – Се обидувате да смислите план и премногу анализирате

Во вашиот ум има решение за сè – дури и за најлошите стравови. Иако се случуваат нешта кои се надвор од секоја контрола, вие секогаш имате време да седнете и трезвено да ја анализирате ситуацијата.

Потоа детално кроите план, разработувајќи многу решенија и опции за истиот. Само на овој начин ќе имате мир во душата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg