Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска?

Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на партнерот „кој им избегал“ и по кој и понатаму страдаат, па со тоа (не)свесно си ја унишуваат врската.

kako-sekoj-horoskopski-znak-sam-si-ja-unishtuva-vrskata-01.jpg

Се лутите за ситници, покажувате љубомора дури и кога не треба, го контролирате партнерот или не покажувате дека сте вистински заинтересирани за него.

Сето ова може да влијае на тоа свесно или несвесно да си ја уништите врската.

Според астролозите, секој хороскопски знак има одредени карактеристики во својот карактер против кои, едноставно, не може, па самиот си ја уништува љубовната врска.

Знаете ли кои се вашите карактеристики со кои самите си ја уништувате врската?

Овен

Вие сте импулсивни и тешко ви е да се врзете.

Вашиот партнер треба да се труди многу да ве задоволи и да ви го задржи вниманието.

Во спротивно, без многу размислување го напуштате и продолжувате понатаму.

Бик

Лесно избувнувате и на моменти сте непресметливи.

Никој не знае каква ќе биде вашата следна реакција, особено ако почувствувате љубомора кон партнерот.

Во тој случај, подобро да ви се тргне од патот.

Близнаци

Ве плаши идејата дека до крајот на животот ќе треба да останете со само еден партнер.

Не верувате ни дека постои некој кој вистински ќе ги цени сите ваши квалитети.

Затоа, сами си ја бојкотирате врската и измислувате причини за да си заминете.

Рак

Раковите се често несигурни во себе.

Лесно се потчинуваат на партнерот и ги прифаќаат сите критики и забелешки.

Но, ваквото однесување по некое време му станува заморно на партнерот, па често токму оваа несигурност на Ракот е причината што „пука“ љубовта меѓу нив.

Лав

Лавот за себе верува дека е најдобриот човек што постои.

А таа нивна нарцисоидност по некое време почнува да му пречи на партнерот.

Надменото однесување и заљубеноста во себе, се уште две карактеристики кои со кои Лавот сам си ја уништува врската.

Девица

Девиците сакаат сè да им е организирано, работите да се „под конец“ во домот, но и во љубовта.

Па, ако партнерот не е подеднакво уреден, не сака да чисти и ја занемарува потребата на Девицата сè околу нив да е совршено подредено, тоа може лесно да ја уништи врската.

Можеби треба да попуштите и да не му ги наметнувате своите желби за чистота на партнерот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg