9-те најдобри љубовни парови, според хороскопот

Водолијата и Близнаците се совршен пар. Проблем е само да се адаптираат на реалноста, кога ќе им помине фазата на меден месец, но со искреноста еден кон друг тие ќе се изборат со сè.

9-te-najdobri-ljubovni-parovi-spored-horoskopot-01.jpg

Не секој хороскопски знак е компатибилен со друг, некои може да бидат добри пријатели, но не и добри љубовни партнери.

Најдобрите љубовни парови, според хороскопот:

Водолија + Близнаци

Двата знака се ведри и имаат слободен дух. Се интересираат за културни настани и сакаат критично и аналитички да го гледаат општеството. Каде и да патуваат заедно, тие ќе си поминат незаборавно.

Проблем е само да се адаптираат на реалноста, кога ќе им помине фазата на меден месец, но со искреноста еден кон друг тие ќе се изборат со сè.

Лав + Стрелец

Двата знака имаат потреба за возбуда и забава во секојдневието. Екстроверти се, имаат многу пријатели и уживаат во врева и турканици.

Лесно се разбираат и постојано зрачат со позитивна енергија, па затоа се еден од најдобрите парови во Зодијакот. На првиот миг на здодевност во врската, двата знака веднаш преземаат некаков чекор.

Девица + Бик

Двата знака се приземјени и сакаат работите да ги прават полека и постепено и потребно е извесно време за нивната врска да процвета. Сепак, на долг рок се одлични во грижата еден за друг.

Си ги делат домашните обврски и се поддржуваат кога станува збор за напредок на поле кариера. Работат како тим и постигнуваат големи успеси. Практични се и реални во гледањето на работите и знаат дека за една врска да опстане потребна е работа.

Уште 3 парови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој ќе остане младолик, а кој ќе остари пребрзо, според хороскопот? Вагите воопшто не размислуваат за стареењето, а брчките не ги плашат. Тие н...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Љубовниот совет што ви е потребен овој Валентајн, според хороскопскиот знак Бикови, заборавете на љубовните болки од минатото и веднаш ќе забележите промена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg