„Сретнав бабичка со солзи во очите на улица во Скопје – нејзината судбина ме натера да се запрашам за животот на многу жени кај нас“

Синоќа ме застана една стара бабичка, изгледаше уморно, а очите ѝ беа влажни од солзите. Ја прашав: „Дали нешто ти треба мајче? Што не е во ред со тебе?“. 

zenata-okovana-vo-prangite-na-tradicijata-nasilstvoto-i-ljubovta-koja-taa-ja-zasluzuva-01_copy.jpg

Се срамеше да ме погледне во очи. Единствено низ шепот ми кажа дека нејзините деца ја избркале од нејзиниот дом бидејќи се разболела, а полицијата ѝ ја запленила масичката на пазарот на која продавала свежо цвеќе, набрано од својата градина.

Гледав во нејзината превиткана снага и ја препознавав секоја жена која се измачува со илјадници проблеми, а не го заслужува тоа. Гледав во нејзиното збрчкано лице, а тоа ги сведочеше пролиените женски солзи поради судбината во која се оковани многу жени.

Го слушате ли силниот вресок на жената, бидејќи некој ѝ ја затворил устата?

Ја гледате ли самохраната мајката која го носи свето дете на училиште? Можеби ве слушнала кога си шепотите за тоа дека нејзината коса е отпуштена, и дека по кујнска престилка не се доаѓа во образовна институција.

Но, да бидам искрен, таа не е заинтересирана за нејзиниот изглед, бидејќи единствено ѝ е важно нејзиното дете да не остане гладно.

zenata-okovana-vo-prangite-na-tradicijata-nasilstvoto-i-ljubovta-koja-taa-ja-zasluzuva-02_copy.jpg

А дали сте купиле барем килограм јаболка од старицата којашто седи на крајот од пазарот и ве моли да ѝ купите барем нешто за да има со што да го помине денот?

Погледнете ја нејзината рака, таа има орано и садено. Собирала и жито и ниеден маж не може да ја престигне. Таа има родено многу деца и гледала како сите пред нејзините очи ѝ свртеле грб, додека преколнувала со гневот на мајка која никој не ја слушнал.

Ја озборувате и омаловажувате 16-годишната девојка поради тоа што нејзините родители ја омажиле, а не сте свесни дека таа е само жртвено јагне на глупавата традиција, на семејството кое мора тоа да го направи за да го отплати долгот кон идните сватови.

zenata-okovana-vo-prangite-na-tradicijata-nasilstvoto-i-ljubovta-koja-taa-ja-zasluzuva-03_copy.jpg

За каква рамноправност разговараме кога болниците ни се преполни со жени кои едвај живи успеале да дојдат до таму поради тоа што нивниот сопруг испил две чаши повеќе.

За каков живот треба да се бори жената која силувана ја оставиле пред влезот. Колку силно треба да викнат малолетните девојки присилени на проституција?

Ја гледаме женската снага како секојдневно се мачи да излезе од прангите во којшто нашето општество ја заковало.

Расте окована во прангите на традицијата. Плашејќи се дали ќе ја направи добро питата со сирење, бидејќи само така ќе биде засакана од нејзината свекрва.

Живее окована во прангите на психичкото, физичкото и сексуалното насилство, борејќи се истото да го оправда како настанато од љубов. И на крајот остарува во прангите на слепото трагање по трошка љубов од саканиот.

zenata-okovana-vo-prangite-na-tradicijata-nasilstvoto-i-ljubovta-koja-taa-ja-zasluzuva-04_copy.jpg

Жената не е вашата традиција, туку таа е нашата мајка, баба, сестра, сакана. Додека никој од мажите не го слуша нејзиниот вресок за промена, и додека мислите дека таа претерала со шминка поради синилото под нејзиното око, ние како заедница остануваме површни.

Се прашувам зошто ние како општество сме на ставот дека жената мора да биде само домаќинка која ќе чистеи и пере? А кога ќе облече висока штикла и кратко здолниште таа веднаш мора да е неморална.

Ова е за мојата мајка, но и за твојата тетка. За старата баба од пазарот и за малолетната девојка која ја злоупотреубаваат.

Ова е за претепаната самохрана мајка, но и за нејзината ќерка.

Кренете го гласот и силно викнете. Бидејќи сте толку силни што можете планина да поместите.

Не срамете се од оние кои ви нанеле зло бидејќи срамот е нивен. Живејте со вашата гордост, а ние младите ќе се потрудиме колку што можеме да ве штитиме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
„Ах, кога баба ми месеше зелник - Нема поубаво, тоа е мирисот на моето детство“ Во моето семејство традиција беше правењето на зелник. По рецептот на баба ми. Н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg