Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“

„Што немам, а би сакала да имам? Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповска се потпиша во нашиот лексикон и откри интересни работи за себе.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-01.jpg

Водителката Лила Филиповска од дете без срам имитирала пејачи, па уште во тоа време ѝ предвидувале дека ќе се занимава со јавна професија.

Родена во Шведска и го пропатувала светот, но вели дека за неа најубавото место на светот е куќата во селото Виниче која ја потсетува на нејзините родители и е место каде што го наоѓа мирот.

Ни раскажа и за фудбалот, двете вдомени мачки кои ги обожава, зошто ја викаат Добрила и дали била бељаџика како дете.

Лила се потпиша во нашиот лексикон:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Лила. Блиските ме викаат Лики, а кога сакаат да се зезаат - Љиљана.

Мојот долгогодишен пријател и соработник, Владимир Трајковски, ме викаше Добрила кога бевме скарани, а Ангелина кога бевме „во добрите“, така што имам неколку прекари.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 52 години - родена сум на 15.10.1971 во Гетеборг, Шведска. Во хороскоп сум дупла Вага со Месечина во Лав.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Многу сакам музика и има милион песни кои ми се омилени. И не знам за која да се одлучам.

А бидејќи ја сакам македонската народна музика, ќе ја одвојам онаа стара „Дејгиди луди млади години“ од Сариевски.

Тоа е песна која секогаш ми влијае емотивно и ме потсетува на некои дамнешни времиња и на минливоста на животот. Песна со длабока порака, така што многу емотивно реагирам на неа.

Од пејачите мора да ги споменам Тоше, мој омилен пејач засекогаш, и Наум Петрески, кој за мене е еден од нашите златни грла. Нивната изведба на „Има ли песна“ за мене е нешто феноменално.  

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-06.jpg

4. А омилена книга?

„Пиреј“ од Петре М. Андреевски.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Да бидам искрена, многу сакам стари филмови и глумци од минатиот век, бидејќи сметам дена никој од денешниве не може да се спореди со актерите од тоа време.

Омилен филм ми е Splendor in the Grass, a омилени глумци ми се токму главните актери од филмот, Натали Вуд и Ворен Бити.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Порано имав повеќе време и повеќе гледав спорт. Гледав и фудбал и одбојка и кошарка, сакам и тенис, па и ватерполо.

Во фудбал навивам за Real Madrid, уште од времето на Серхио Рамос, на Роналдо. Денес гледам само фудбал и понекогаш кошарка.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-05.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам две спасени, вдомени мачорчиња, кои ги сакам најмногу на свет. Рагнар има 6 години, а Мајло има 8 месеци.

8. Кој ти е среќен број?

Среќен број ми е 7. Нумеролошки кога ќе се пресметаат моето име и презиме како вкупен број го дава 7, па така ми е останато и затоа го сметам за среќен број.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Од мала сакав да сум докторка, иако најблиските ми кажувале дека уште како дете сум имитирала многу пејачи и пејачки.

Не бев срамежлива, па уште од тогаш биле големи шансите да се занимавам со некоја јавна професија.

Инаку сакав да студирам медицина и се гледав себеси како хирург.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-07.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Не сум некој гурман, но од храна обожавам паста во која било варијанта.

Од пијалаци, пијам вода, а кога излегувам сакам Хуго, пијалак кој е на база на бозел.

11. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик и во основно и во средно, а потоа бев и добар студент.

Освен математика, сакав историја, македонски јазик и биологија, затоа и завршив Филолошки факултет и сум дипломиран филолог.

12. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Мои идоли засекогаш ќе останат моите родители. Сè уште се водам по некои нивни морални вредности.

Татко ми десетина години веќе не е меѓу нас, а јас таа празнина си ја пополнувам со моите сеќавања на него, неговите совети и неговите очекувања.

Таа сум која сум и таму сум кај што сум, пред сè благодарение на моите родители.

lila-za-crnobelo-leksikon-sakav-da-studiram-medicina-se-gledav-sebesi-kako-hirurg-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg