Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“
„Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сонував трипати, мислам дека универзумот ми праќа знаци',“ напиша пејачката Теа Трајковска во лексиконот на CRNOBELO.com.

Пејачката Теа Трајковска долги години е на домашната музичка сцена, а нејзините песни се хит до хит, без оглед дали ги пее самата или како соработка со некој од нашите музичари.
Омилена песна нема, а за парите што ги дала за концертот на омилениот бенд во Париз, вели дека ѝ се едни од најдобро потрошените во животот.
За тоа дали била бељаџика, но и кога се степала и дали знае каде ѝ е денес првиот симпатија, ни напиша во лексиконот:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Моето име е Теодора Трајковска, а сите ме знаат како Теа.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
Имам 31 годинa, а во хороскоп сум Близнаци. Родена сум на 9 јуни.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилена песна ми е тешко да издвојам, а имам омилени бендови и тоа се Panic! At The Disco и Fall Out Boy.

4. А омилена книга?
Омилена книга од детство до денес ми е „Хари Потер“.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Омилен глумец ми е Роберт Дауни Јуниор.
Омилен филм немам, а од актуелни серии омилени ми се FROM и Severance.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Искрено, омилен спорт за практикување ми е скијање.
Не сум многу по спортот и немам омилен спортист или клуб.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам кученце, ШиЦу и се вика Тоби.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: „Те сонував трипати, мислам дека универзумот ми праќа знаци“.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Кога бев мала сакав да бидам тоа што сум денес - музичар.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Омилена пијачка ми е џин-тоник. Од храна најмногу сакам паста и суши.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам повеќе најдобри пријатели уште од раното детство, кои премногу ги сакам и сум преблагодарна што сè уште ми се во животот.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик, а омилен предмет, нормално, ми беше музичко.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Идоли, а да не се познати личности, ми се моите родители.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Кога би можела да бидам лик од цртаните, би била Ариел.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Омилена игра од детството ми беше плочка.

