Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам“
- Детали
- петок, 05 декември 2025
„Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“, напиша водителката Александра Пановска Илиевска во лексиконот на CRNOBELO.com.

Публиката ја засака како водителка на шоуто за готвење „Брза кујна“, а таа љубов продолжи и откако почна да работи во Канал 5 како водителка на утринската емисија „Здраво Македонијо“.
Секогаш насмеана и позитивна, таа плени каде и да се појави.
А сега, се потпиша и во нашиот лексикон и одговори на 30 прашања:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Александра Пановска Илиевска, Сани за оние кои ми се во најтесен круг.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
40 години, Рак, родена на 06.07.1985 година.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Омилени песни од светот ми се Simply Red - Holding Back The Years, порано само ја сакав денес ја разбирам и од Тина Тарнер - What's Love Got To Do With It, и дуетот со Ерос Рамацоти - Cose Della Vita... Долга е листата.
Омилена пејачка ми е Тина Тарнер.

4. А омилена книга?
Сите книги од Робин Шарма.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Немам омилен глумец, глумица ми е Сара Џесика Паркер и безвременската серија Sex and the City.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Не.
Со сестра ѝ Тања
7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Не.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
Изјава на љубов...
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Стјуардеса.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Аперол Шриц и Хуго, a од храна најмногу сакам риба.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам многу пријатели со кои дружиме повеќе од 20-30 години... Ако ги набројам некој да не се налути.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Одлична во основно и средно, со висок просек на факултет.
Омилени предмети ми беа македонски и ликовно.
Александра е во вториот ред, девојчето во карирана облека
13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мајка ми со сè што секогаш правела и прави за целото семејство.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Ариел.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Имаше многу, кои во маaлото во кое пораснав, знаевме и да си ги измислиме.
Правевме кафе од кал и од едни цевки го мелевме на интересен и креативен начин, глумевме продавачки, закопуваме богатства и ловевеме бубамари...

