„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“

nekogash-go-sakavme-snegot-edvaj-chekavme-da-padne-pravevme-sneshkovci-imavme-sanki-01.jpg

Некогаш го сакавме снегот.
Едвај чекавме да падне.
Правевме снешковци, имавме санки.

Некогаш и снегот нè сакаше нас.
Не се претвораше веднаш во кал.

Имаше повеќе време,
а и ние за него.

Со она мајчино – уште пет минути.

И тие пет минути
беа цел еден живот.

И денес има снег, ама ја нема таа радост…

Не се плашевме од него како денес.
Не моравме веднаш да го чистиме.
Го чувавме.

Снегулките ни личеа на ѕвезди што паѓаат од небото.

Знаевме да легнеме,
со грб свртени кон небото,
и да се стопиме со него.

Ние го чекавме него, и тој нè чекаше нас.

Сега некако не го сакаме.
Можеше и без него.
Само уште тој ни фалеше.
Баш денес ли мораше да падне?

И така вистинскиот снег остана во нашето детство,
а ова денес е некаква вода
што чекаме да помине.

Некогаш го сакавме снегот.
Некогаш го сакавме животот.
Некогаш сакавме...

Да ми падне денес оној снег,
не би знаел каде да легнам.

Нема веќе такво небо.
Нема такво време.
Нема такви луѓе.
Го нема тоа дете.

Само јас уште се сеќавам...

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg