„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте во животот“

„Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да спиете на свилена перница. Мора да имате рутинска нега на кожа од 10 чекори. Не знам дали е до мојот алгоритам па ми излегуваат такви глупости, но не морате ништо. Не ставив крема денес. Ниту пиев мача. Но уживав на најјако и тоа се брои“. 

mozhe-da-tancuvate-do-4-i-vo-8-da-odite-na-rabota-ne-mora-da-piete-macha-nitu-da-slushate-lajfkoach-samo-uzhivajte-vo-zhivotot-povekje01.jpg

Во време кога животот е динамичен, а секојдневието исполнето со трендови за совршен животен стил кои се наметнуваат на социјалните мрежи, може да биде малку тешко да се постигне вистинскиот баланс.

Од строги диети и посебни начини на исхрана, до рутини за нега на кожа и уште куп правила за соодветен начин на живот, изгледа како да нема крај на советите за тоа како треба да живееме.

И реалноста е дека голем дел од нив се навистина добри и корисни за здрав живот, но не мора секогаш да ги следите сите правила за да бидете среќни и исполнети.

Понекогаш е во ред да ги прескокнете правилата и да го правите тоа што ве радува вас и прави да се чувствувате живо.

На таа тема се огласи и Србинка со објава која понекогаш на сите ни е потребно да ја прочитаме и да се потсетиме дека сме во ред и дека ништо не мора. 

 

Објавата на Петра Нинчевиќ гласи:

Мора да водите сметка за храната.
Мора да пиете 2 литрa вода дневно.
Мора да го исфрлите алкохолот.
Мора да се будите во 5 часот наутро ако сакате да бидете успешни.
Мора секој ден да медитирате.
Мора да легнете во 21 часот.
Мора да ги слушате животните тренери (lifecoach).
Мора да прочитате барем 15 страници книга секој ден.
Мора да пиете мача наместо кафе.
Мора да имате рутинска нега на кожа од 10 чекори.
Мора да спиете на свилена перница.

Не знам дали е до мојот алгоритам па ми излегуваат такви глупости, но не морате ништо.

Можете да спиете до 10 и да се опуштате во пижами цел ден.
Можете да пиете вино со пријателите и да се смеете од срце.
Можете да бидете ноќни птици и да изгледате серии на Нетфликс.
Можете да ги игнорирате сите животни тренери и да го слушате вашиот инстинкт.
Можете да имате една крема за лице.
Можете да танцувате до 4 часот наутро, да спиете 2 часа и да одите на работа додека музиката уште ви зуи во ушите.
Морате само да уживате во животот.

Јас гледав Нетфликс до 2, во 8 отидов да трчам. Се вртев наоколу како сардина покрај базенот од стомак на грб и обратно. Заспав по ручек во ресторан (и се разбудив кога ми падна главата🤣) затоа што децата се неуморни од рано наутро.

Пиев Мохито. И афогато. Играв тенис, зевав на Барби филм. И сега одам да „грешам“ со пица и чаша вино и да се фрлам во кревет.

Не ставив крема денес. Ниту пиев мача.
Но уживав на најјако и тоа се брои.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg