Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам“
16. Најголема беља што си ја направила во детството?
Возевме мачиња на велосипед во кутија за кондури. Среќа, сè заврши добро и никој не беше повреден.
17. Дали некогаш си се степала?
Не.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Немам таква.

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?
Во детството.
20. Што немаш, а би сакала да имаш?
Фиат 500.
21. Од што се плашиш?
Немам стравови.

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Ненад, немам никакво инфо што прави денес и каде е.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Сите хитови на Благица Павловска.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На патување.

25. Кое е најубавото место на светот?
Амалфи - би се вратила во тој дел од светот уште 100 пати.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?
Додека носев шишки имав прашање кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот, ха, ха.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Што не ја прифатив работната понуда да живеам и работам во Дубаи пред 15 години.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Ништо.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Носот кој денес си го имам прифатено и веќе не планирам операција за истиот, иако долго време ја посакував.
Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?
Александра: Дали и колку се искрено ви одговараат?
CRNOBELO.com: Сите велат - 100%, а ние им веруваме.
Таа е во вториот ред, втора од лево во виолетов џемпер
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
