Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“

16. Најголема беља што си ја направила во детството?

Не сум правела многу бељи, бидејќи бев мирно дете што само сакаше да чита книги и да се прави паметно (ха, ха).

17. Дали некогаш си се степала?

Сум се степала два-три пати, но тоа беше многу одамна, во раната младост (ха, ха).

18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?

Искрено, доста сум нетрпелива, но работам на тоа.

tea-trajkovska-za-crnobelo-leksikon-po-prviot-baknezh-si-pomisliv-ooo-pa-ne-bilo-tolku-strashno-08.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакала да се вратиш?

Ако имам времеплов, би сакала да се вратам пред 3-4 години, кога животот ми беше доста поразличен.

Но, верувам дека сè се случува со причина.

20. Што немаш, а би сакала да имаш?

Среќна сум со сè што имам, а за тоа што го немам тука сум да се борам за да го имам.

21. Од што се плашиш?

Се плашам од бубачки.

tea-trajkovska-za-crnobelo-leksikon-po-prviot-baknezh-si-pomisliv-ooo-pa-ne-bilo-tolku-strashno-03.jpg

22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Првата симпатија ми беше многу одамна, уште во градинка.

Искрено, поим немам каде е денес и што прави во животот.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

Nedelja од Џеј Рамадановски (ха, ха).

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Најдобро потрошени пари во животот ми беа за концертите на бендовите што ги спомнав погоре, особено концертите во Париз.

tea-trajkovska-za-crnobelo-leksikon-po-prviot-baknezh-si-pomisliv-ooo-pa-ne-bilo-tolku-strashno-02.jpg

25. Кое е најубавото место на светот?

Најубаво место на светот е секое место каде што го наоѓаш својот мир и си со луѓето што ги сакаш.

26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добила?

Најсмешен комплимент што сум го добила е - поубава си во живо (ха, ха).

27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...

Не се каам за ништо, ама баш за ништо. Мислам дека сè е искуство или лекција.

tea-trajkovska-za-crnobelo-leksikon-po-prviot-baknezh-si-pomisliv-ooo-pa-ne-bilo-tolku-strashno-07.jpg

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?

По првиот бакнеж си помислив: „Ооо, па не било толку страшно“ (ха, ха).

29. Од што се срамеше најмногу во детството?

Во детството не се срамев од ништо, затоа што кога си дете, таа емоција ти е непозната.

Што би го прашала сопственикот на овој лексикон?

Теа: „Што ве прави среќни?“

CRNOBELO.com: Кога ќе заѕвони едно од двете канцелариски ѕвончиња. И тоа гласно, а не „срамежливо“.

tea-trajkovska-za-crnobelo-leksikon-po-prviot-baknezh-si-pomisliv-ooo-pa-ne-bilo-tolku-strashno-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg