„Бев во кино во Битола и се разочарав од нашата некултура - седиштата преполни со отпад, гласни разговори на телефон“

Расфрлени пуканки насекаде, празни ќеси и конзерви од пијалаци. Седиштата беа преполни со остатоци од храна. Иако канти за отпад имаше на секој чекор, сепак истите беа празни, а грицките беа расфрлени по подот. Додека пак постојаното седење на телефон, сликањето среде филмот, како и разговарањето на телефон, уште повеќе зборуваа за ужасот кој владееше во кино салата.

FotoJet_2_630x330.jpg

Станува збор за ситуација која се случи пред извесен период во киното во градот Битола, додека се емитуваше еден доста популарен филм. Радоста со која отидов заедно со моето друштво на премиерата на филмот беше голема, но верувајте разочарувањето беше уште поголемо кога сфатив дека не знаеме како да се однесуваме во кино.

Бев во кино, одличен хорор-филм на репертоарот. Но, искрено бев малку збунет, бидејќи не бев целосно сигурен дали хоророт од филмското платно се претворил во реалност, па целото кино се преобразило во една од најстрашните хорор сцени.

Расфрлени пуканки насекаде, празни ќеси и конзерви од пијалаци. Седиштата беа преполни со остатоци од храна. Иако канти за отпад имаше на секој чекор, сепак истите беа празни, а грицките беа расфрлени по подот.

Па, нели, зошто да се мачат посетителите кога можат да ги остават на своите седишта и некој друг да ги собере – дел од размислувањата поради кои општеството секојдневно трпи сериозна штета.

1000002390_630x1000.jpg

Станува збор за нашата некултура која почна да ги загрозува сите културни институции.

Дури на момент целата ситуација ме натера да се запрашам дали навистина го заслужуваме епитетот „градот во кој живее филмскиот дух"?

Дали сме дел од „аристократијата" која некогаш се возела во пајтони или сепак ја срамиме истата со нашето неетичко однесување?

Не би сакал да мислите дека претерувам, доколку ви кажам дека за време на филмот скоро сите муабетеа. Беспотребно кикотење, дофрлања и гласни разговори кои никого не оставаа да го следи филмот на мир.

Додека пак постојаното седење на телефон, сликањето среде филмот, како и разговарањето на телефон уште повеќе зборуваа за ужасот кој владееше таму.

Иако пред да почне филмот, на филмското платно се појави натпис на кој јасно беше нагласено: „Ве молиме исклучете ги вашите мобилни телефони за време на филмот“.

1000002391_630x1000.jpg

Зошто се трудиме сето она вредно коешто ни е оставено сосема да го уништиме? Нели треба ние како млади луѓе да зрачиме со нашата култура и домашно воспитување?

За тоа како треба да се однесуваме во кино, театар, музеј или пак друга културна институција нè учеа на училиште уште од најмали нозе. Но, за жал, како што изминува времето така сè повеќе заостануваме и културните институции ги споредуваме со улицата.

Имено целиот настан се одвива во најголемата киносала во која се одржуваат најголемите фестивали со историска и традиционална важност. Простор во кој најголемите уметници добиле овации, награди и признанија.

Се прашувам дали ја заслужуваме елитата која треба да седне на тие седишта? Бидејќи ние како младина со ништо не покажуваме дека го заслужуваме нивното внимание и присуство.

thumbnail-6_630x500.jpg

По завршувањето на филмот, револтираноста на дел од посетителите беше многу очигледна и оправдана. Следниот ден реакциите на социјалните мрежи не стивнуваа.

Некој платил билет и отишол на кино бидејќи сакал на мир да гледа филм, а не да го гледа циркусот кој, за жал, младината не размислувајќи го прави.

Можеби истурените пуканки ќе се сметат од подот, или пак седиштата ќе се исчистат од посетителите кои со патики газеле на нив, но дали ќе можеме да ја исчистиме тажната слика која сме ја направиле таму? Дали ќе можеме да најдеме оправдување за нашето однесување?

Секојдневно го снимаме филмот во кој глумиме совесни и културни граѓани кој седнуваат на кафе и глумат сталеж. Но, реалноста е сосема друга. Не е важна улогата на сталежот кога насловот на филмот е: „Сопствената некултура и немањето доволно свест за постапките“.

Наместо да изградиме филм со кој ќе се гордееме и ќе бидеме пример за тоа како сите останати треба да се однесуваат, ние сме режисерите на сопствената некултура која нè уништува.

Би сакал да упатам апел и сериозна порака до сите нас како друштво. Време е да внимаваме како се однесуваме. Да ги почитуваме местата на кои одиме, бидејќи се наши и ние од нив имаме потреба. Да престанеме да се однесуваме некултурно и да ги почитуваме луѓето околу нас.

Бидејќи без култура нема да има општество, нема да имаме иднина.

Ова е мојот филм во кој сакам да живеам. И на крајот, мојот филм без вас е само идеја, но заедно со вас може да биде револуција.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Бев во болница во туристичко место во Македонија со синот - докторите ни се злато“ За жал, завршив на дежурство во туристичко место во Македонија поради интензивен...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Татјана Стојановска за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам професорка кога ќе пораснам“ „Мој соученик од основно ми беше прв симпатија, но го немам видено од 8 одделени...

Најчитани неделава