10 типови пријатели кои го тупат на Фејсбук

Како дел од нашето секојдневие, Фејсбук е местото каде може да се најде и дознае сè и сешто за секого.

10-tipovi-prijateli-koi-go-tupat-na-facebook-najavna

Понекогаш навистина се изненадуваме колку некој може да биде напорен за да освои награда, колку внимание им е потребно на луѓето или колку едноставно немаме што да правиме по цел ден.

Одвоивме 10 типа на пријатели (во кои секој ќе се пронајде барем во една точка) што го прекрдашуваат на Фејсбук:

1. Пријатели од типот „умирам од досада на работа и по цел ден играм игри“: Дај прифати ми го риквестот за Ситивил, Фармвил, Покер

2. Пријатели од типот „опседнати со детски натпревари“: Гласајте ве молам за син ми/ ќерка ми да победи на натпреварот за најубаво дете во земјава.

3. Пријатели од типот „заљубени“: Денес славиме 1 месечнина. (и така секој месец одбројуваат, па години, па прв ручек заедно, па денот кога прв пат биле заедно во ГТЦ).

4. Пријатели од типот „патриоти“: Редовно споделуваат постови од страни како Горд Македонец, Една е Македонија и слични лупања во гради.

5. Пријатели од типот „учени“: Читаат сè и сешто по интернет, кликаат на читачи без да приметат дека секој клик споделува што читаат на нивниот тајмлајн. Па така, професори секојдневно читаат како Сораја се натртила, како Трпе и го начукал на Трпана и слично.

6. Пријатели од типот „политички определени“: напнуваат со ивенти како забава на тој и тој локален комитет. Споделуваат статуси на политичари од државата, стискаат лајк и споделуваат „клучни“ статии од значење за земјата.

7. Пријатели од типот – „се омажив/оженив, честитајте ми“. За убаво, за арно. Прво прстенот, па слики од веридбата, па од свадбата, па од бременоста, па од бебето сосе папочна врвца, па од први до 9ти месец...ох, каде ли исчезна интимата?

8. Пријатели од типот „мудри“ – Бомбардираат со статуси извадоци од книги, цитати, афоризми, а целиот свет се воодушевува на нивната  мудрост.

9. Пријатели од типот „менаџери“ – повелете вечерва на луда и откачена забава со Џеј Рамадановски. После 2 минути стигнува покана за ивент. После 3 минути те тагнуваат во статус со поканата. После 10 минути ставаат слика од Џеј и те тагнуваат на неа.

10. Пријатели од типот „спортисти“ – редат резултати, навиваат по статуси, се расправаат со секој што е против нив, се лупаат во гради кога Меси и Роналдо ќе дадат гол.

Пропуштивме некои? Се пронајдовте?

П.Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg