Луѓето што се самоубиваат не сакаат да умрат, само сакаат болката да престане

„Таа беше убава, тој беше паметен, таа беше талентирана, тој беше спортски експерт“. Но, ништо од ова не може да спречи умот да не им се чувствува добро. Депресијата е како рак на умот и може да ве убие.

lugjeto-shto-se-samoubivaat-ne-sakaat-da-umrat-samo-sakaat-bolkata-da-prestane-01.jpg

Ова е екстремно чувствителна тема, но е тема за која мора јавно да се говори.

Еден од 5 луѓе се бори со ментални проблеми, а тоа значи дека во која соба и да влезете и разгледате наоколу верувајќи дека сте единствените со проблеми сигурно постои уште некој кој минува низ истото.

За некој кој никогаш немал суицидни мисли помислата некој да сака да умре изгледа лудо. Сонцето свети, секогаш постои нов ден, има љубов, вкусна храна. Помислата за умирање е далечна. Нешто оставено за во иднината за кое времето ќе покаже само кога треба да се случи.

Но, тие кои се борат со ментални болести како демонот депресија може да се соочат со помислата да посегнат по својот живот.  

Да разјасниме, како што ракот може да и ги изеде коските, така депресијата може да ве убие. Таа самата е како рак на умот.

Помислете на вашиот мозок само на момент. Тој извршува низа функции за да ги искусите сите нормални емоции. Тој прави да сакате да се социјализирате со луѓе, да работите, да почувствувате сончев ден, да почувствувате олеснување, да сакате да прегрнувате и да ја чувствувате топлината од бакнежите низ целото ваше тело.

Но, депресивниот ум не чувствува ништо од ова. Тој константно е во состојба на изолираност и не функционира нормално. Повеќе немате желба за задоволство. Едноставните работи ви изгледаат како обврска и само креветот ви е безбедно место. Постојано спиете, само за да имате кратко бегство од сè.

Кога мислиме на тоа дека некој е суициден, нè заплашува да говориме за тоа, премногу ни е да проголтаме и го пикаме под тепихот. И кога ќе се случи остануваме збунети и се прашуваме што беше толку лошо за таа личност да си го одзеде животот.

„Таа беше убава, тој беше паметен, таа беше талентирана, тој беше спортски експерт“.

Но, ништо од ова не може да спречи умот да не им се чувствува добро.

Не е важно како изгледаме однадвор. Мозокот е благослов, но истовремено може да биде лоша работа кога станува збор за менталното здравје. Суицидните луѓе не сакаат навистина да умрат, но тоа го гледаат како единствената опција за да стават крај на болката која ја чувствуваат.

Се чувствуваат заробени, како да се гушат и не гледаат излез. Секој ден се справуваат со ментална агонија. Чувствуваат како смртта да е единствениот излез, но едновремено очајно сакаат да се изборат и да се држат за надежта.

Во човековата природа е да сака да опстане и да живее, но менталните болести може да ве одведат до точка каде ви изгледа дека сте сосема изолирани.

Менталната болест е битка на умот, битка која многумина се несреќни да ја искусат. Но, смртта е апсолутно последното средство за некој што има суицидни мисли. На тоа се осмелуваат дури кога ги вложиле сите свои напори и сè што пробале не дало резултат. Чувствуваат како да има ѕидови во нивниот ум зад кои се длабоко заробени и нема излез.

Најважно, суицидните луѓе не сакаат да умрат. Очајно сакаат да живеат, но не можат да најдат начин да го сторат тоа. Чувствуваат дека ги истрошиле сите опции и дека болката што ја искусуваат е многу поголема од нив.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Слабиот маж не е способен да сака силна жена Љубовта со силна жена може да биде извонредна, но само за силен маж. Да се биде ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg