Слабиот маж не е способен да сака силна жена

Љубовта со силна жена може да биде извонредна, но само за силен маж.

slabiot-mazh-ne-e-sposoben-da-saka-silna-zhena-01.jpg

Да се биде силна жена е работа која секоја жена си ја посакува за себе, но и работа која исто така носи и одредени предизвици.

Силната жена често има тешкотии во пронаоѓањето на совршен партнер за неа, затоа што не можат сите мажи да се носат со неа. Многу мажи во силната жена гледаат ривал и конкуренција.

Некои мажи не се чувствуваат доволно силно за да се носат со неа, па во тајност дури чувствуваат и завист.

Други се плашат дека колку и да ѝ даваат, тоа нема да биде доволно за да ја задоволат.

Но, вистината е дека љубовта со силната жена е прекрасна и едноставна, но само за оние мажи кои можат да ја прифатат како рамноправен партнер.

slabiot-mazh-ne-e-sposoben-da-saka-silna-zhena-02.jpg

Силен маж секогаш ќе биде среќен со силна жена и ќе се чувствува како победник затоа што во неа ќе пронаоѓа безрезервна поддршка, дури и во најтешките мигови.

Таа нема да потклекне на првата препрека, ќе знае да се носи со тоа, ќе смислува планови и решенија.

Силната жена се потпира на својот ум и аналитичко размислување, што значи на неа полесно ѝ да се соочува со проблемите.

Иако многу мажи ги сметаат силните жени за комплицирани, тие всушност се полни со разбирање и лесно е да ги сфатите, само ако им пристапите искрено, без игри, тактики и преправање.

Тие се искрени и секогаш јасно и гласно ги изразуваат своите потреби и желби.

Не бараат премногу од партнерот, свесни се дека совршенство не постои и прифаќаат дека секој дава колку што може.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
Марио од 2Бона за CRNOBELO лексикон: „За мене постои само една жена“ „Ако постои една работа за која се каам во кариерата или животот, тоа е што го н...
Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg