Марио од 2Бона за CRNOBELO лексикон: „За мене постои само една жена“
- Детали
- петок, 19 декември 2025
„Ако постои една работа за која се каам во кариерата или животот, тоа е што го немав овој памет пред 7 години“, напиша Кун од 2Бона во лексиконот на CRNOBELO.com.

Ако ги прашате тинејџерите кои им се омилени музичари, многумина на својата листа ќе ги стават и момците од 2Бона, Марио и Антонио.
И додека Марио и Тони, кои се најдобри другари повеќе од 25 години, се подготвуваат за концертот во арената „Јане Сандански“, меѓу пробите, Марио се потпиша во нашиот лексикон.
Тој ни откри каков ученик бил, кој му е идол, а да не е позната личност, што нема во животот, а би сакал да има.
Прочитајте што напиша Марио Јелиќ - Кун во лексиконот на CRNOBELO.com:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Марио, Кун.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
07.06.1994, имам 31 година, Близнаци во хороскоп.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Песна Monster, а не можам да издвојам еден пејач или пејачка.

4. А омилена книга?
Немам.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Walking Dead, Breaking Bad.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Chelsea, LA Lakers, Леброн Џејмс.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам две кутриња, Тоше и Лили.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Не се сеќавам, ретко отворам DM.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Рапер, фудбалер или кошаркар.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Зеро и бургер.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Тони - 25 години и Исидора - 7 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Не одличен, омилени предмети - биологија и ликовно.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Дедо ми Иво.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Goku или Venom.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Баскет и сè што беше видео игра.

