Марио од 2Бона за CRNOBELO лексикон: „За мене постои само една жена“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Не ми текнува искрено.
17. Дали некогаш си се степал?
Да.
18. За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Дека имам OCD (опсесивно-компулсивно растројство).

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Не би се вратил.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Имам сè што сакам, освен „ламбо“.
21. Од што се плашиш?
Од луѓе.

22. Која ти беше прва симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Не се сеќавам, а и не ме интересира, за мене постои само една жена.
23. На која песна откачуваш во кафеана?
Не откачувам.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
Добра храна, жена ми, кола.

25. Кое е најубавото место на светот?
Дома.
26. Кој е најсмешниот комплимент што некогаш си го добил?
The goat replies.
27. Една работа за која се каеш во кариерата/животот...
Што го немав овој памет пред 7 години.

28. Што си помисли по првиот бакнеж во животот?
Веројатно ништо.
29. Од што се срамеше најмногу во детството?
Веројатно од сите нормални ствари од кои се срамат деца - гњавење, штипење, комплименти
Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?
Марио: Која е поентата на животот и што ве прави среќни?
CRNOBELO.com: Среќни нè прави едно канцелариско ѕвонче (уствари две)... А поентата на животот? Уф, тешки прашања поставуваш во петок, ајде ќе ти кажеме после викенд.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
