„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца
Ниту за да ти готви ручек секој ден.
А уште помалку за да ти пере 'алишта' и секогаш да имаш чисти гаќи.
Не очекуваш од неа, насила, да ги почитува сите твои, додека по неа фрлаат камења.
Камено доба одамна помина.
Ако тие ја почитуваат неа, тогаш и таа ќе ги почитува нив.
Не ја земаш за жена само за да бидеш оженет, па два дена по свадбата да ја фрлиш во кујната, како таму да ѝ е местото.
Ја земаш за жена за да ја љубиш.
Да ја почитуваш.
За да со неа заедно ја дочекате староста, да ги галите внуците, да градите, да делите, да сонуваш, да веруваш, да создадеш дом со некого.

Не е предуслов на бракот жената да биде робинка.
Мажот треба да заслужи.
И чисти гаќи, и топол ручек, и чист дом.
Не оди тоа така - таа да биде жена, домаќинка, кралица, слугинка, воспитувачка, а него го нема никаде. Исчезнат, го нема ни на мапа, ни на глобус.
Вртиш, го нема.
Кога тој ќе ти ги понуди своите плеќи и ќе ти каже дека секогаш се таму за да можеш да се потпреш, тогаш ти му ја даваш душата и сè што оди со неа.
Бракот, добриот брак, е место каде што живеат двајца што се почитуваат, што веруваат еден во друг, што се ценат, не робуваат - двајца што во вреќата на животот ставаат сè што е добро, а со заеднички сили ги победуваат лошите работи.
Кога таа не може - тој да може.
Кога нему му е доста од сè - таа да му покаже дека има сила за уште битки.
Меѓусебната поддршка гради цврсти бедеми што ја одржуваат љубовта до крајот на животот“.
