Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај ми!

Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме и ете ја, доаѓа таа.
Сама, брат! Си седна сама во кафеана, без око да ѝ трепне, си нарача пиво, си седи, си ужива, си гледа наоколу.
А бе брат, ич не ѝ чуе, дали некој ја гледа накосо, ниту што мислат другите дека седи сама.
Природна скрос... Среќна со сама себе.
Зад неа две ботоксирани принцези. Знаеш од оние прегорените плавуши со уста набоцкана и поголема од мојава тупаница.
И доаѓа девојчето, она што продава цвеќе и упорно ме тера ним да им пратам цвеќе.
Не бе брат, јас неа ја гледам, јас на неа сакам да ѝ пратам. Ама толку е своја, што дури се срамам да направам ваков клише потег.
И ја гледам и си велам, ваква жена ми треба. Жена што е среќна сама со себе, жена на која ѝ е удобно во своја кожа, жена која не мери со колку децибели се смее (ја слушав додека телефонираше), ниту дали префинето грицка само зелена салата.
Брат, дај ми жена со која ќе пијам пиво, ќе јадам во Седмица, а притоа ќе биде повеќе жена од сите останати заедно.
Дај ми таква чие лудило ќе ме зарази. Дај ми бе брат, онаква за живот авантура.
Немој да ме тераш да бидам со некоја што ќе ми го расипе денот затоа што ветрот ѝ ја расипал фризурата или сум ја кренал спонтано во раце, па ете цел ден лута е сум ѝ го истуткал тазе пегланиот фустан.
Дај ми бе брат жена како оваа.
Жена што пакува куфери за половина час, жена што не вика „Каде?“, вика „Може“, жена со која ќе можам да си зборувам исто како со другарите и со која ќе се смеам. Ќе се смеам бе брат!
Дај ми жена, што ќе ми биде зачин во животот, а не сјајна глазура.
Не ти сакам јас од тие демек совршените. Па, што ако се наштиркала кога муабет нема. Не ми сака срцето за трепките и веѓите да си збориме, бе брат.
Не ми сака бе да ми кажува како љубомори на другарка ѝ затоа што има нови ци*ки. Не ми сака бе срцево здрвена Марија, ми сака игривост, искра, ми сака детска ѓаволштина во очите.
Ми сака срцево жена како неа!
Што може да си седне сама во кафеана, да си пие пиво и да ѝ е убаво.
Со таа жена брат само убаво може да ми биде. Доста ми е од ботоксирани принцези, празни како шупелка, без смисла за животче.
А животот еден, ме знаеш мене, ми се граба! А со неа? Светот е наш!
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
