Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама...

Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме остави сама во мракот, бидејќи научив како да чекорам сама по празна улица без никакви насоки и сепак да си го пронајдам патот.
Ме остави да се грижам за себе кога сè што ми требаше беше да те држам за рака, но ти благодарам што ме научи како сама да си се држам и како да си ја олеснам болката што ми ја нанесе.
Не беше тука за мене кога се борев, но можам само да ти заблагодарам затоа што ми покажа какви можат да бидат себичните луѓе, како мислат само на себе, додека ги повредуваат саканите.
Не беше тука за мене кога сакав да се потпрам на тебе, но ти благодарам што ми покажа како да се потпрам на себеси, ти благодарам што ме натера да решавам проблеми и да си одговарам прашања без твоја помош.
Ти благодарам што не ми покажа ништо, бидејќи ми помогна да видам сè.
Не беше тука за мене кога бев скршена, но можам само да ти кажам благодарам, бидејќи ме научи како да се излечам себеси на начини за кои ти не би знаел.
Ме предизвика да работам на себеси, за никогаш да не ми затребаш ти, твоја помош или услуга.
Ме турна да станам независна личност, имуна на твојата болка. Не допираш веќе до мене. Не можеш да ме скршиш повеќе.
Не беше тука за мене кога ми требаше твојата љубов, но можам само да ти кажам благодарам што ме научи на лекцијата што уште ме спасува.
Ми покажа дека единствениот начин да успеам е да се сакам себеси. Тоа е единственото оружје што ми е потребно.
Не сум твоја жртва. Не сум резултат на твоите грешки. Само го прифатив целиот хаос што го направи и создадов ремек-дело.
Не беше тука за мене, но ти благодарам, бидејќи ако беше, немаше да бидам тоа што сум денес, а тоа ќе беше најголемата од сите загуби.
