„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“

„Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствувале луѓето покрај него. Дали покрај тебе можеле слободно да дишат. Дали покрај тебе смееле да бидат слаби. Дали покрај тебе станувале помирни, похрабри, повеќе свои..“

otec-od-srbija-za-najvazhnite-zhivotni-lekcii-na-krajot-ne-ostanuva-ona-po-shto-sme-trchale-nitu-titulite-01.jpg

Душан Благојевиќ, мотивациски говорник од Србија, на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 256.000 следбеници, постојано споделува мудри мисли, а сега го сподели својот став на тема лекции кои ќе ги научиме со годините во текот на животот.

otec-od-srbija-za-najvazhnite-zhivotni-lekcii-na-krajot-ne-ostanuva-ona-po-shto-sme-trchale-nitu-titulite-02.jpg

Душан споделува моќна поука:

На крајот, не останува многу од она по што сме трчале.

Не остануваат титули.
Не остануваат победи на кои некогаш сме им се восхитувале.
Не останува ни впечатокот што сме го оставиле врз светот.

Останува нешто многу потивко.
И многу поважно.

Колку сме сакале.
Колку сме разбирале.

Колку души сме допреле со нашето присуство, со нашиот збор, со нашето трпение, со нашата добрина.

Психолошки гледано, човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствувале луѓето покрај него.

Дали покрај тебе можеле слободно да дишат.
Дали покрај тебе смееле да бидат слаби.
Дали покрај тебе станувале помирни, похрабри, повеќе свои.

Духовно гледано, сè на крајот се враќа на љубовта.

Не на сентимент.
Не на убави зборови.
Туку на она вистинското, тешко, тивко давање од себе.

Затоа апостол Павле и вели:
„А сега остануваат верата, надежта, љубовта - овие три, но љубовта е најголема меѓу нив...“

И уште подлабоко:
„Љубовта никогаш не престанува“.

Сè друго минува.
Љубовта останува.

Останува прегратката што си ја дал кога некому му било најтешко.
Останува зборот со кој не си осудил, туку си подигнал.

Останува моментот кога си бил доказ дека добрината сè уште постои.

Можеби затоа вистинскиот успех не е во тоа колку си имал,
туку колку светлина си оставил зад себе.

Затоа запрашај се:
Eден ден кога ќе си заминам, што ќе остане по мене?
Што ќе остане во срцата на луѓето што ме познавале?

Зашто на крајот, само тоа го носиме со себе.
Колку сме сакале.
И колку души сме допреле.

Твој Душан“

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg