Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај свој живот

„Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од Бога. И мора да научиш да се „наштелуваш“ така... Да се научиш да го гледаш доброто во луѓето, во ситуациите, во работата и така нема да бидеш вечно огорчен и незадоволен, туку во сè околу себе ќе гледаш убавина и ти ќе бидеш среќен човек!“

lele-onoj-neambiciozen-onaa-samo-na-shetanje-misli-kadijo-pronajdi-ja-srekjata-vo-sebe-i-imaj-svoj-zhivot-01.jpg

Леле, оној неамбициозен нема никакви апетити за кариерата, леле, онаа само на шетање мисли и троши пари...

Леле, кадијо, да не си несреќен во врска со својот живот, да не станува збор за проекција - односно ја гледаш својата несреќа во другите?

Ти си незадоволен од својот живот! Ти си незадоволен од постигнатото, од фазата, од моменталните случувања.

И пред да продолжам, да ти кажам - „Ќе бидеш добро, не грижи се!“

Но, време е да си признаеш: „Јас сум незадоволен / тажен / несигурен“...

Престани да мислиш: „Тие се проблемот... Другите се несреќни / лоши / неправедни / никакви“.

Тие се совршено среќни со начинот на кој одбрале да го живеат својот живот и навистина не е твое да судиш.

Реално, дури можеш и да учиш од нив како може да се биде среќен и со малку.

Јас не велам да не си амбициозен, само те потсетувам во трката за големи идни успеси, да не заборавиш да уживаш во тоа што го имаш денес.

А имаш многу!

Имаш за што да бидеш благодарен секое утро. Прво и најважно – ти си здрав човек и за тебе само небото е граница!

Граби, освојувај, расти... Но, на патот до тоа не потценувај, омаловажувај и осудувај.

Секој си има своја замисла за среќа, секој си има свој концепт за тоа што значи среќен живот.

И тоа што за нив преставува среќа, за тебе можеби е несфатливо, но верувај дека е и обратно.

Денес здравата психа е благослов од Бога. И мора да научиш да се „наштелуваш“ – баш така!

Да се научиш да го гледаш доброто во луѓето, во ситуациите, во работата, во секојдневието и така нема да бидеш вечно огорчен и незадоволен, туку во сè околу себе ќе гледаш убавина и ти ќе бидеш среќен човек!

Така е, толку лесно е! Среќата е во тебе.

Тебе не ти требаат не знам какви изреализирани соништа за да доживееш среќа. Тебе ти треба здрава психа, силен карактер и срце полно благодарност за тоа што го имаш.

Кога ќе стигнеш до тоа ниво, потоа за тебе само небото е граница!

И понекогаш верувај поважно е да си среќен, отколку совршен во туѓи очи. Најважно е да живееш совршен живот, но според твоите критериуми за истиот.

Ако не успееш во ова, дури и еден ден, со сите изреализирани соништа, ти повторно ќе бидеш несреќен човек.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg