Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе!

prijatelke-begaj-od-lugje-koi-nosat-mrak-vo-sebe-01_2.jpg

Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе.

Ти си светлина, но прифати дека не можеш секого да излекуваш.

Некои луѓе едноставно имаат премногу проблеми сами со себе во главата за да може кој било да им помогне.

Дури и да ги сакаш премногу како пријатели, дури и да им мислиш добро...

Тие спасот мораат да си го пронајдат сами.

Не можеш да помогнеш на некој, кој не сака да му биде помогнато.

Тие живеат во свет каде радоста не царува, исфрустрирани и мрачни,

Само можат да те потонат и тебе, а ти спас да им најдеш не можеш.

И да сакаш да им помогнеш не можеш, ако самите не одлучат да си помогнат.

Тие себеси не се трпат, не пак другите.

Ним им треба помош од стручно лице, а ти тоа не си, колку и да си подготвена да ја преземеш оваа улога за нив.

Тие секогаш ќе пронајдат замерка, секогаш мана, секогаш незадоволство.

Затоа што едноставно не знаат да му се радуваат на животот.

Дали никогаш не научиле или некогаш некој ја истиснал животната радост и искра од нив, не знам, но знам дека не можеш да им помогнеш.

Понекогаш само најдобро е да кренеш раце и да се тргнеш од нив.

Немаш ти должност никој да спасуваш.

Немаш ти должност да преземаш улога на жртва за да лекуваш туѓи демони.

Престани да си ги товараш своите раменици.

Сврти нова страница и опкружи се само со луѓе кои во себе светлина носат, онакви каква што си и ти самата.

Не заслужуваш ништо помалку од тоа.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg