Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од психијатар“
„Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти се отворат. И да им го вратиш она што некаде во нив е сокриено. А тоа е животот, задоволството, вербата во утре. Понекогаш тоа е толку малку, а некому му е сè“, вели Стефан Симиќ и споделува случка со една девојка.

Српскиот писател Стефан Симиќ на својот Инстаграм профил сподели ситуација која му се случила со една девојка и која вистински го трогнала.
Ова е само уште еден доказ дека понекогаш ни е потребно само некој внимателно да нè ислуша.
Неговата случка:
„Пред некој ден ми пишува една девојка, да се запознаеме.
Вели дека долго ме следи.
Некогаш сум расположен за средби, некогаш не.
Реков, ајде.
Дојде синоќа, видно вознемирена.
Разговаравме нешто помалку од 2 часа.
Малку подоцна ми стигнува порака од банка.
На сметката легнале 50 евра.
(Имаше сметка бидејќи претходно нарачала книга).

Ја прашувам – зошто?
Вели – ми помогна.
А единственото што сакав е да ѝ биде подобро
и да ѝ го кажам своето мислење.
Цело време зборувавме за неа.
За себе немав ни што да кажам, бидејќи сè што имам
го кажувам во текстовите.
Сепак, интересен е тој блесок што се случува во некого.
Откровение.
Кога некој непознат ќе му каже нешто
што не се подготвени да го кажат ни најблиските,
ни терапевтите.
Смислата на нашата средба не беше ни терапија,
ни да ѝ продадам нешто.
Ѝ подарив нови книги.

Често не сме ни свесни колку можеме да помогнеме,
особено кога доаѓаме растоварени,
без психијатриски авторитет, суета, дистанца,
туку сме само присутни.
Подготвени да слушнеме,
да прегрнеме,
да ја упатиме личноста кон она што е здраво во неа,
врз што може да се гради иднината.
Понекогаш сè што им треба на луѓето
е да бидеш нормален.
Ништо повеќе.
И да им кажеш што мислиш.
На начин што навистина ги разбираш
и да видат перспективи,
и дека она што им изгледа како крај, не е крај,
туку нова можност,
нов почеток.
Така и во нејзиниот живот, кој ѝ изгледаше дека се распаѓа.
Најдовме толку многу позитивно.
А, уште поважно,
работи од кои треба да се ослободи и да продолжи понатаму.
Среќен сум што не се занимавам со класична терапија.
Би имал обврска.
Многу е подобро чувството кога си само човек.
Кога им пристапуваш на луѓето човечки.
И кога не им пренесуваш страв, ниту обврска, туку слобода,
која можат да ја почувствуваат,
да протече низ нив.
Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш
и луѓето да ти се отворат.
И да им го вратиш она што некаде во нив е сокриено.
А тоа е животот,
задоволството,
вербата во утре.
Понекогаш тоа е толку малку, а некому му е сè“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
