Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите

nekoi-lugje-se-chudo-znaat-se-za-site-koj-se-skaral-koj-kogo-ostavil-kogo-go-rasipale-parite-01_copy.jpg

Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите.

Знаат кој се скарал, кој се смирил, кој планира нова работа, кој се сели и зошто.

Знаат кој останал сам „како куче“, кој кого оставил, кого го расипале парите... Дури знаат и кој наскоро ќе се заљуби, пред тоа воопшто да се случи.

Имаат некаков посебен дар. Информациите сами им доаѓаат, непоканети.

Никој ништо не прашале, а тие сѐ знаат.

Понекогаш и она што никогаш не било ни изговорено.

Вистината? Таа им е како зачин. Главното јадење им се претпоставки, полу-вистини и чиста фантазија.

И сето тоа го сервираат со насмевка, секако - „добронамерно“. Зашто тогаш чувствуваат дека се важни. Дека нивниот живот има смисла.

А иронијата? Најголеми експерти се за туѓите животи, додека за сопствениот не знаат ни основни работи.

Бидејќи, кога би знаеле, можеби би сфатиле дека секоја приказна што ја шират за другите, всушност повеќе зборува за нив самите.

Затоа, драги наши „гласници“ – одморете малку. Светот ќе преживее и без вашите вести.

Живејте си го вашиот живот!

Извор

Би можело да ве интересира:

Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg