За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот...

Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Животот е за тебе, кај тебе сè е сонциња, пеперутки, цветчиња и делфинчиња, ти знаеш да ја гледаш убавата страна на постоењето“, а всушност и јас го мислев истото за него и претажно ми е што повеќе не е тука, но ме теши мислата што за свои 40, одживеа како за 140 години живот.

za-prijatelot-koj-za-eden-zhivot-odzhivea-kako-za-tri-naredni-i-beshe-svetlina-koja-dopre-sechij-zhivot-01.jpg

Една болна ситуација ме потсети на еден мој пријател.

Пријател кој за жал преживеа едвај 40, пријател кој го изгубивме прерано пред 4 години и кој нема да биде заборавен.

Тој се смееше најгласно, сакаше најсилно, од секоја негова пора блескаше неговата страст за животот.

Не земаше од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше: „Животот е за тебе, кај тебе сè е сонциња, пеперутки, цветчиња и делфинчиња, ти знаеш да ја гледаш убавата страна на постоењето“.

И тоа секогаш ми беше најубавиот комплимент.

И јас го мислев истото за него и претажно ми е што повеќе не е тука, но ме теши мислата што за свои 40, одживеа како за 140 години живот.

Кај него сè беше интензивно, деновите беа долги, ноќите исполнети, а убавата енергија секогаш на највисоко можно ниво.

Тој делеше комплименти на некого, се спријателуваше со секого, за секого имаше убав збор.

Беше добар за сите, беше лекција како треба да се будите со насмевка и убава мисла.

Доживеа работи, кои други не би ги доживеале ниту за 3 наредни животи.

Беше интензивен, оставаше впечаток каде и да се појави и токму затоа нема да биде заборавен.

Беше поинаков, енергијата му беше инспиративна, беше лекција за сите што и малку се колебаа за убавината на животот или пак му ја потценуваа убавината на истиот.

Буквално животот беше за него, како што и тој самиот мене ми велеше дека животот е за мене.

И, за жал, ваквите луѓе некогаш најкратко живеат, но оставаат толку силен впечаток што не се забораваат.

Нивната светлина, посилна од сонцето, останува да свети или влијае врз сите други до чиј живот допрела и за многу, многу години од денот кога сме ги изгубиле.

Буквално среќни сме што воопшто сме ги имале!

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg