Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“
„Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша водителката Сања Савеска во лексиконот на CRNOBELO.com и призна дека има „две леви нозе“ за спорт.

Водителката Сања Савеска и денес се тресе кога ќе сонува како ја испрашува професорката по биологија.
Таа се потпиша во нашиот лексикон, па ни откри дека некој за да ѝ се додвори ѝ кажал дека „ја помешал со Свеверина“, а добила и понуда за брак од непознат човек во порака на Инстаграм.
Што друго напиша Сања во лексиконот на CRNOBELO.com? Прочитајте во продолжение:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Сања, а имам пријатели и круг на луѓе кои ме викаат Фифи.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
45 години, во хороскоп сум Рак, подзнак Близнаци, месечина во Скорпија, родена на 23.06.1980-та.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
Имам многу омилени песни, Dance me to the end of love, She’s like the wind, Wicked game.
Во последно време Теди Свимс.

4. А омилена книга?
Сите од Елиф Шафак.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Глумци Метју Меконахи и Шарлиз Терон.
Серија After life - мора да ја гледаш!
Филм Hachiko.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Фудбал многу сакам, заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој.
Инаку јас сум антиспортист, со две леви нозе сум.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имам куче, бишон Маша, ја обожавам.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добила на Инстаграм?
„Ќе се омажиш ли за мене?“
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Глумица.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Вода. Ориз на сто начини.
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Мал круг на големи луѓе, си се знаат и многу ми значат.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Одлична ученичка, амбициозна многу.
Општествените предмети ги сакав, мака си имав со природните науки.
Уште сонувам како ме испрашува биологија и нозе ми се тресат.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Брат ми.
14. Кога би можела да си лик од цртаните, кој лик би сакала да бидеш?
Џери од „Том и Џери“.
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Граница, дефинитивно.

