Најубавите љубовни цитати од филмовите

Најубавите љубовни, филмски цитати не се кријат само во книгите. Многу од нив сме чуле и во филмовите кои се занимаваат со оваа тематика, а ние им отстапивме место на нашата страница.

najubavite-ljubovni-citati-od-filmovite-1

„Ако не си спремен да излезеш глупав, не си достоен да се заљубиш“ – (A Lot Like Love)

„Најдобра љубов е онаа која ја буди душата, не тера да бараме повеќе, ни пали оган во срцето, а ни дава мир во душата. Тоа ми даде ти, а јас се надевам дека истото ќе можам да ти го враќам вечно“ – (Notebook)

„Да љубиш значи да не очекуваш да ти кажат „извини“ (Love Story)

„Знаеш кога знаеш дека си заљубен? Кога лежиш во креветот и не можеш да заспиеш, бидејќи конечно реалноста е подобра од соништата“ (Love Actually)

„Најубавата работа која можеш да ја научиш во животот е да сакаш и да научиш да примаш љубов“ (Мoulin Rouge)

„Јас? Јас се плашам од сè. Се плашам од она што сум го видела, од она што сум го направила, од она што сум. Но, најмногу од сè се плашам дека кога ќе излезам од оваа соба, повеќе никогаш нема да го чувствувам за никого она што го чувствувам за тебе“ (Dirty Dancing)

„Постојат милиони луѓе на овој свет, но на крај сè се сведува на една личност“ (Crazy/Beautiful)

„Го мразам начинот на кој разговараш со мене и ја мразам твојата фризура. Ги мразам твоите чевли и начинот на кој ми ги читаш мислите. Мразам што си секогаш во право. Мразам кога ме засмеваш, мразам кога ме тераш да заплачам. Мразам што немам крај себе, го мразам фактот што не ми ѕвониш. Но, најмногу од сè мразам што не те мразам. Никако, ни трошка, ни малку“ (10 Things I Hate About You)

„Дека вистински губиш може да почувствуваш само ако сакаш некого повеќе од себе“ (Good Will Hunting)

„Дали некогаш ви се случило да ги испружите рацете и да се вртите околу самите себе? И се вртите, вртите, вртите... Е таква е љубовта. Сè ви кажува дека треба да престанете пред да паднете, но вие и понатаму продолжувате“ (Practical Magic)

„Ако некого вистински сакаш, ќе го пуштиш да си оди. Ако ти се врати, значи дека сте судени еден за друг. Ако не, значи никогаш не ни бил вистински твој“ (Непристоен предлог)

„Не можеш да најдеш вистинска љубов таму каде што не постои и не можеш да се сокриеш од нејзе онаму каде ја има“ (Fool To Lovе)

„Кога ќе сфатиш дека остатокот од животот сакаш да го поминеш со некоја личност, ќе сакаш тој остаток да започне што побрзо“ (When Harry Met Sally)

Би можело да ве интересира:

Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg