30 совети за фантастична 2014 година

Секогаш е добро на почеток од новата година да размислите што било погрешно минатата и што треба да направите за да имате подобра и поуспешна 2014та. Донесете некои заклучоци и почнете ја годината по нови правила кои ќе ве направат посреќни.

30-soveti-za-fantasticna-2014-godina-01

1.Слушајте ги и комплиментите и критиките. Сфатете ги сериозно, искористете ги, па продолжете понатаму. Не е добро да живеете со кренат нос, но ниту со торба преполна комплекси.

2. Не може сите да ве сакаат, ниту би требало вие сите да ги сакате. Но, ако има многу повеќе луѓе кои не ве сакаат, можеби е вистински момент да се запрашате во што е проблемот.

3. Бидете личност која и вам би ви се допаднала и со која би се гордееле.

4. Многу проблеми ќе се решат сами од себе, ако дозволите да ви помогне времето.

5. Подобро е да признаете дека сте погрешиле на пола пат, отколку да ги продолжувате грешките до крај само поради гордост.

6. Вашето тело, интегритет и независност се само ваши!

7. Помалку е повеќе. Спуштете се на земја и поедноставете ги животните дилеми. Научете да кажете не.

8. Луѓето не мислат на вас толку често колку што ви се чини. Затоа, престанете да се оптоварувате.

9. Не заборавајте дека дозволениот минус на вашата сметка се пари на банката, а не ваши.

10. Не очекувајте дека животот од корен ќе ви се промени ако најдете момче/девојка, се вработите или ослабете.

30-soveti-za-fantasticna-2014-godina-2

11. Секоја одлука која ќе ја донесете со позитивен став, најчесто ќе биде добра.

12. Нема да ја најдете љубовта на својот живот, работата од соништата или нови пријатели ако седите дома на Фејсбук. Мора да влезете во играта.

13. Не носете одлуки од страв, огорченост или досада, туку мотивирани од желбата за учење, напредок и усовршување.

14. Славните, богати и убави луѓе, не се секогаш посреќни од вас.

15. Перспектива, емпатија и трпение се најважните животни вештини на кои никој не може да ве научи.

16. Смејте се! Кажете „Молам“ и „Благодарам“. Поздравувајте ги луѓето изговарајќи го нивното име. Нека ве препознаваат по убавите манири.

17. Помагајте им на луѓето. Некогаш може и вам да ви треба помош.

18. Не постои совршен партнер, но најдете некој покрај кого ќе бидете среќни.

19. Научете да препознавате. Ако некому се допаѓате, тоа ќе го знаете и ќе го почувствувате.

20. Безусловна љубов може да очекувате само и единствено од своите родители и домашни миленици.

30-soveti-za-fantasticna-2014-godina-1

21. Ако барате работа, имајте на ум дека парите не се единственото нешто кое треба да го добиете од професијата. Она што ви е потребно за да биде комплетно е знаење, напредок, стимулација и задоволство.

22. Работете подобро и понапорно. Секој дополнителен труд се вреднува во денешниот суров професионален свет.

23. Колку и да ја сакате својата работа, не дозволувајте да ве дефинира. Постои живот и надвор од канцеларијата.

24. Откријте ги своите адути, усовршете ги и искористете ги. Без отстапки.

25. Кажувајте отворено и директно за она што ви пречи. Но, бидете подготвени да ја слушнете вистината и од другата страна.

26. Не им придавајте поголемо значење на луѓето кои ве повредуваат, од оние кои ве сакаат и поддржуваат.

27. Направете ред во вашиот живот. Организирајте го денот и почитувајте го планот. Така ќе бидете среќни ако сте го исполниле замисленото.

28. За секој месец поставувајте си по една нова поголема лична цел околу која секојдневно ќе се трудите.

29. Слушајте добра музика која и најтажниот ден ќе ви го направи попозитивен.

30. Пробајте сè во животот, но бидете умерени.

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg