20 цитати по кои вреди да се живее
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
RECEPCIONERI/KI 27-01-2020
Планер 27-01-2020
Сервисер 27-01-2020


20 цитати по кои вреди да се живее

Животот со сите свои доблести и мани, успеси и падови нè учи на големи мудрости кои знаат понекогаш и да нè променат или само да нè потсетат на она што треба да го цени и кон кое треба да се стремиме.

20-zivotni-citati-koi-vredi-da-se-zapomnat-ubavite-raboti-nikogas-ne-se-sovrseni-02

Понекогаш токму тие мисли знаат да нè  утешат и да ни дадат сила за да продолжиме понатаму или да нè замислат со своето значење.

Покрај многуте слушнати или прочитани, овие вреди да се запомнат:

1. Досега цело време се критикувавте себе и не успеавте да се подобрите. Пробајте да се прифатите и видете што ќе се случи. – Louise Hay

2. Она што треба да го запомниме е тоа дека секогаш може сè да направиме. Може да се предомислуваме. Да започнуваме одново. Смешно е да мислиме дека е предоцна за да направиме нешто што сакаме. – Marina Keegan

3. Чувствата се само гости. Дозволете им да дојдат и да си заминат. - Мooji

4. Без разлика колку ви е привлечено она во што некоја личност има потенцијал да се претвори, сепак вие треба да се состанувате со нејзината сегашност и реалност. – Mandy Hate

5. Водата од морето не може да го потоне бродот, освен ако не влезе во него. Исто како што негативноста од светот не може да ве уништи, ако вие не и дозволите да влезе во вас. – Goi Nasu

6. Бидете сигурни дека љубовта вреди за цена на скршеното срце. – William Chapman

7. Слободата е способност да чувствувате љубов за секого. – Mason Jennings

20-zivotni-citati-koi-vredi-da-se-zapomnat-ubavite-raboti-nikogas-ne-se-sovrseni-1

8. Убавите работи никогаш не се совршени. – Египетска поговорка.

9. Знак за интелигенција е тоа што константно се сомневате во себе. Само идиотите се крајно уверени дека секогаш и за сè се во право. – Sadhguuru Jaggi Vasudev

10. Најдоброто нешто што го сфатив е да оставам да се случат и лоши работи од кои ќе излезе некоја шега. Секогаш има нешто смешно, дури и во најлошата ситуација. На тој начин си простуваме себеси. – Steve Almond

11. Она што жените сè уште не го научија е дека никој не треба да им даде моќ, туку сами да си ја земат. – Roseanne Barr

12. Тешко е да ги мразите оние кои ќе ги разберете. – Lucy Christopher

13. Ако си ги ограничите изборите на она што е можно и логично, тогаш се скратувате себе од она што навистина го сакате. Сето останато е компромис. – Anaϊs Nin

14. Опуштете се. Ќе станете возрасни. Ќе направите кариера. Ќе најдете некој што ве сака. Имате цел живот. Времето зема време. Единствен начин да паднете во животот е ако се воздржувате од она што сакате да го направите. – Johanna de Silentio

20-zivotni-citati-koi-vredi-da-se-zapomnat-ubavite-raboti-nikogas-ne-se-sovrseni-2

15. Ако вреди, ќе се случи. Важно е да не брзате. Ништо добро не поминува набрзина. – John Steinbeck

16. Грижата понекогаш е неопходна, но не решава ништо. – Eckhart Tolle

17. Нема на сите да им се допаѓаш. Нема сите да бидат љубезни со тебе. Нема сите да се согласат со тебе. Тоа не значи дека и вие треба да бидете како нив. – Brianna Wiest

18. Со оглед на сè што сте преживеале може за некои нешта и да ви е жал и да сте среќни. Секое нешто, без разлика, лошо или добро може да биде шанса за да се подобрите или пречка за да ја надминете. Вие одбирате! – Wayne Dyer

19. После сè и покрај сите, биди херојот, а не жртвата на твојот живот. – Nora Ephron.

20. Бев апсолутно преплашена во секој момент од мојот живот, но никогаш не дозволив тоа да ме запре за да го направам она што сакав. – Georgia O`Keefe

20-zivotni-citati-koi-vredi-da-se-zapomnat-ubavite-raboti-nikogas-ne-se-sovrseni-3

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...
„Не чувај ништо за специјална пригода, таа пригода е ДЕНЕС“ – моќни животни лекции на кои треба да и... Американската новинарка Реџина Брет стекна неверојатна популарност, иако има нап...
На 9 години – прва слика, на 13 – примен на факултет: Интересни факти за Пабло Пикасо Неспорно е дека Пабло Пикасо е еден од најважните уметници на 20 век, најдобро п...