Забавни факти кои не сте ги знаеле за „Пријатели“

Изгледа дека популарната шесторка никогаш нема да ни досади. Репризите се тука до ден денес за да не потсетат на популарните пријатели, а ова се некои од најинтересните факти за оние кои верно ја следеа планетарно популарната серија.

zabavni-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-prijateli-01.jpg

1. Во првата сезона секој од 6-те актери добивал по 22.000 долари по епизода. Во последната сезона, секој од нив добивал по 1.000.000 долари по епизода.

2. По оригиналното сценарио, Моника и Џои требало да бидат во врска.

3. Рос и Рејчел не требало да ја имаат централната романса во серијата. Приказната помеѓу овие два лика се развила благодарение на хемијата помеѓу Дејвид Швимер и Џенифер Анистон.

4. Приказната за тоа како Фиби станува сурогат мајка на својот брат и носи тројки, ја напишала Лиса Кудроу затоа што во тој момент била бремена.

5. Брус Вилис се појавил во серијата затоа што изгубил на облог од Метју Пери.

6. По оригиналната идеја, Фиби и Чендлер биле само споредни ликови.

7. Портокаловиот тросед во кафулето е пронајден во подрумот на Worner Bros.

8. Единствени членови од актерската екипа кои не се бакнале се Моника и Фиби.

9. Елен Деџенерис ја одбила улогата на Фиби.

10. Гантер немал име се до половината на втората сезона.

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg